
Сопственик на кафана во Скопје пријавил дека залутано зрно од огнено оружје оштетило маса
На 16.05.2023 во 19.15 часот во СВР Скопје, Б.И.(30) од с.Камењане, тетовско, пријавил дека во неговиот угостителски објект на ул.„Гоце Делчев“ во Скопје, залутано зрно од огнено оружје оштетило една маса.
Повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Зрното било подигнато за понатамошна постапка.
