Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сопругата на министерот Ристовски заработи 78 илјади евра за пет месеци експлоатација на руда
Економија

Сопругата на министерот Ристовски заработи 78 илјади евра за пет месеци експлоатација на руда

01/10/2024

AA

Сопругата на министерот за спорт Борко Ристовски како сопственик и управител на „Нибо Солушн“, друштво со основна дејност „останато рударство и вадење камен“ има заработка од „чисти“ 78.000 евра за неполна година по формирањето на фирмата.

„Нибо Солушн“, според податоците од Централен регистар, е формирана на 3 август 2023 и за неполни пет месеци од истата година има приходи од 5.702.757 денари и добивка од 4.775.702 денари.

Во моментов не е познато какви минерални суровини експлоатира „Нибо Солушн“ и каде. Во единствениот регистар што уште го има под старата надлежност на Министерството за економија, последно ажуриран на 29 мај за склучени договори за концесија, ова име го нема на листата.

Во последно време сепарациите за градежен материјал и експлоатациите на други минерални суровини како мермерот и друг камен се „златен бизнис“ во државата, а тоа го констатираше и самиот Државен завод за ревизија годинава, кој заклучи дека профитите на овие компании се далеку поголеми во однос на платените концесии и трошоците што ги имаат за да дојдат до рудните ресурси.

За четири години од 2018-2022 од концесија за доделување на површини за екслоатација на руда, Македонија  наплатила само 45 милиони евра, а особено само 1,7 милиони евра од експолатација на најквалитетниот мермер. Државата во четири години издала стотици концесии, а наплаќала симболично.  Во бројки, профитот од мермер е буквално само еден процент од приходите од продажбата кој ги остварил концесионерот, утврдила Државна ревизија во извештајот за периодот од 2018 -2022 година.  Заклучно со 2022 доделени биле вкупно 348 концесии на 257 концесионери што е 1,3 отсто од вкупната територија на државата.

Ревизорите утврдија дека мерките и активностите кои се преземаат од страна на надлежните институции не обезбедуваат сигурност за оптимална искористеност на минералите и не гарантиираат навремена наплата на надоместоците од концесионерите. Дополнително, висината на надоместоците кои државата ги определила е на ниско ниво, а начинот на пресметка не ги прикажуваат реалните цени и не се правични во однос на продажните цени кои ги остваруваат концесионерите.

Ристовски своевремено беше професионален ракометар и македонски репрезентативец со богата кариера во познати европски клубови. Минатата година тој беше извршен директор на најтрофејниот ракометниот клуб и наедно двократен европски прват Вардар.

Тој во 2019 година и официјално влезе во политиката кога стана стратешки соработник на прашања од областа на спортот и активно учествуваше и во партиските изборни кампањи.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy