Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сообраќајот Кратово – Ранковце ќе биде во прекин поради минирање
Македонија

Сообраќајот Кратово – Ранковце ќе биде во прекин поради минирање

13/10/2023

AA

Во два наврата денеска ќе има прекин во сообраќајот на патот Ранковце – Кратово поради градежни активности за рехабилитација на железничкиот Коридор 8.

За денеска фирмата изведувач „Гулермак”, подружница Скопје со Мактек ДООЕЛ, најавува двократно минирање во близина на регионалниот пат што ги поврзува општините Ранковце и Кратово т.е. А2 со Р1205.

Како што се наведува во соопштението од „Гулермак”, ќе се реализира минирање во два наврати, подготовките за минирањето ќе започнат во девет часот, а самото минирање ќе заврши најдоцна до 21 часот.

-Комплетното блокирање на сообраќајот од страна на Кратово кон Ранковце ќе трае кратко, но точното време ќе зависи од организацијата и од временските услови. Им препорачуваме на локалните жители и транспортните возила на локалните компании да го заобиколуваат овој пат во текот на наведениот термин, се наведува во соопштението од „Гулермак”.

Работите на терен се извршуваат како дел од реализацијата на проектот „Изведба и завршување на преостанатите работи на втората делница, Бељаковце – Крива Паланка” во рамки на проектот за Рехабилитација на железничкиот Коридор 8.

Останатиот регионален пат што ги поврзува општините Ранковце и Кратово, Р29281 е привремено блокиран од локалните власти поради штета на мостот на Крива Река. Препораката важи само за оние жители кои имаат куќи и викендици и пристап од страна на Кратово.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy