Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесими: 100 милиони евра од Светска банка до крај на годината
Економија

Бесими: 100 милиони евра од Светска банка до крај на годината

13/10/2023

AA

Министерот за финансии Фатмир Бесими по средбите со челниците на Светска банка во Маракеш, Мароко, објави дека до крајот на годината се очекува кредити од 100 милиони евра од овој меѓународен кредитор.

Министерот ова го соопшти по состанокот со потпретседателката на Светска банка Антонела Басани, извршниот директор на Светска банка Кун Давидсе и директорката на Светската банка за Западен Балкан Шиаочин Ју, во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ.

„До крајот на годината очекуваме да се заокружи новата петгодишна програма. Веќе се дефинирани проектите коишто ќе бидат опфатени со оваа програма, а ќе значат одржување на реформскиот процес на патот на пристапување кон ЕУ и обезбедување поодржлив, отпорен и зелен раст.

Дополнително, на средбата, е истакнато дека до крајот на годината се очекува да се одобри и заем за развојни политики од околу 100 милиони долари, насочен кон поддршка на процесот на реформа на јавната администрација, справување со неформалната економија, како и за поддршка на мерките и активностите предвидени со Планот за забрзан економски раст“, вели Бесими.

Парите, како што информира министерот, ќе бидат за фискална консолидација, поотпорна економија и позелен развој.

На средбите одржани со високите претставници на Светска банка присуствуваше и гувернерката на Народната банка на РС Македонија Анита Ангеловска-Бежоска.

Бесими оствари средби и со високи претставници на ММФ, а се очекува да се сретне и со претставници на Банката на Америка, Евопската банка за обнова и развој, Меѓународната финансиска корпорација  – ИФЦ и Mеѓународна развојна агенција – ИДА.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45872
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на тротинети низ цела Македонија

29/09/2026

Дури 167 прекршоци констатирала полицијата при засилена акциска контрола на возачи на електрични тротинети спроведена во целата држава. Контролата ја

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА Владата препорача привремена реорганизација на

29/09/2026

Вработените во осум државни институции сместени во зградата на „Нова Македонија“ привремено да ги извршуваат работните обврски од дома, препорача

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy