
Сообраќајна несреќа утринава на автопатот Скопје-Велес кај Макпетрол: Сообраќајот се одвива по една лента
Утринава, околу 8:30 часот, се случи сообраќајна несреќа на автопатот А1 на релацијата Скопје-Велес, во близина на бензинската пумпа Макпетрол.
Едно возило се превртело, поради што сообраќајот моментално се одвива само по една коловозна лента.
На местото на настанот има полициско присуство, а на возачите им се препорачува зголемена внимателност.
