Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕНЕРГЕТСКИ ХАОС: Инвеститори бараат да градат 8.600 мегавати, а мрежата на МЕПСО може да прими само 1.500
Македонија

ЕНЕРГЕТСКИ ХАОС: Инвеститори бараат да градат 8.600 мегавати, а мрежата на МЕПСО може да прими само 1.500

06/09/2025

AA

Македонија се соочува со вистинска „златна треска“ за инвестиции во зелена енергија, но државната електропреносна мрежа е целосно неподготвена да го издржи тој притисок, што создава енергетски хаос и го кочи развојот, открива најновиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Ревизорите утврдиле дека барањата за приклучување на нови соларни и ветерни централи се речиси шест пати поголеми од капацитетот што мрежата може да го прифати.

Според извештајот, до операторот на преносната мрежа АД МЕПСО се стигнати барања за приклучување на производители на струја од обновливи извори со вкупна моќност од неверојатни

8.663 гигавати (GW), од кои 6.828 GW се за фотоволтаични централи, а 1.835 GW за ветерни паркови. Сепак, студиите покажуваат дека капацитетот на мрежата во моментов може да прифати само до 1,5 GW.

Поради оваа огромна разлика, АД МЕПСО не може да ги одобри повеќето барања од технички аспект.

Главната причина за овој хаос, според ревизорите, е недостатокот на стратешко планирање. Тие констатирале дека Владата нема усвоено

„Индикативен план за изградба на капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори“. Поради ова, отсуствува јасна стратегија за избор и приоретизирање на проектите, што остава простор за несоодветно одлучување.

Ревизијата дополнително предупредува дека приклучоците на дистрибутивната мрежа не се усогласени со капацитетот на преносната, што може да предизвика дополнителни технички ризици за целиот систем. Ваквата состојба, заклучуваат ревизорите, сериозно ја загрозува енергетската транзиција и претставува огромна кочница за милионските инвестиции во зелена енергија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy