Сончево и релативно топло, по котлините со магла
Во најголем дел од земјава сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. По котлините, особено долж Повардарието постудено со појава на магла, која попладне ќе слабее. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Магливо и тивко, попладне видливоста ќе се зголеми.