Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СОБРАНИЕТО РЕШИ ДА ФОРМИРА АНКЕТНА КОМСИЈА ЗА 4 ТРАГЕДИИ ШТО ЈА ЗАВИЈА МАКЕДОНИЈА ВО ЦРНО Кои беа причините што доведоа до загуба на 138 човечки животи?
Македонија

СОБРАНИЕТО РЕШИ ДА ФОРМИРА АНКЕТНА КОМСИЈА ЗА 4 ТРАГЕДИИ ШТО ЈА ЗАВИЈА МАКЕДОНИЈА ВО ЦРНО Кои беа причините што доведоа до загуба на 138 човечки животи?

03/12/2025

AA

Со 84 гласа „за“, без воздржани и „против“, Собранието денеска во рамките на 72. пленарна седница донесе одлука да основа Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Македонија. Анкетната комисија се формира на предлог на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ и ќе се фокусира на трагедиите во Кочани, во модуларната болница во Тетово и за „Дурмо турс“ кај Ласкарци, како и несреќата несреќата на ’Беса транс’ во Бугарија.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, образложи дека Анкетната комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите има за цел да се утврдат сите пропусти за трагедиите во изминатиот период кои резултираа со 138 човечки жртви, со што добиените наоди понатаму би биле испратени до Владата и до Јавното обвинителство за да се лоцира доколку има политичка и кривична одговорност.

Според Милошоски, потребна е неселективност за сите трагични настани за објективно согледување и решавање системски пропусти и недостатоци. Овие четири трагични настани што резултираа со ваква ненадоместлива штета и за семејствата и за целата држава, рече Милошоски, не треба да бидат селективно разгледувани, туку како една целина за да можеме со објективни согледувања да дадеме препораки за поправање на одредени системски недостатоци.

Собранието не ја прифати иницијативата за формирање посебна анкетна комисија за случувањата во Кочани поднесена од СДСМ, Левица и ДУИ за која гласаа само 28 пратеници.

На ова реагираше СДСМ со сопштение.

„За жал пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за формирање на Aнкетната комисиња за трагедијата во Кочани, којашто ја поднесе пратеничката група на СДСМ заедно со пратеничката група на Левица и беше поддржана од Европскиот фронт.

СДСМ и колегите од опозицијата направија се што можеше и пратениците коишто ја поддржаа оваа иницијатива, но владеачкото мнозинство не покажа ниту емпатија, ниту разбирање, ниту елементарно чувство за барањата на семејствата, на загинатите во оваа трагедија и на сите коишто се повредени. Очигледно ова е партиска директива. Затоа што повторно се врати времето во кое што имаме протест и контрапротест, пленум и контрапленум. Денеска имаме анкетна комисија, предлог против анкетна комисија и се покажа дека партиската директива укажува на тоа дека само тоа што е поднесено од парламентарното мнозинство може да биде вредно, а без притоа да се изедначат секоја иницијатива на овсените претставници и предлагачи“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Инаку, пратеникот на Левица и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права, Димитар Апасиев, за 9 декември закажа седница на оваа комисија, на која ќе се разгледува поднесената претставка од „Здружението на граѓани 16 март 2025 година“ во јавноста познато како Здружение на родителите на загинатите деца во Кочани.

Апасиев на прес конференција појасни дека станува збор за редовна седница на постојана комисија на Собранието, а не за анкетна комисија, која се формира по потреба и за ограничено време на функционирање.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy