Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Собранието не е Тему-зона“: Миле Цеков со жесток напад кон ЗНАМ, пратениците и тендерите
Македонија

„Собранието не е Тему-зона“: Миле Цеков со жесток напад кон ЗНАМ, пратениците и тендерите

10/05/2026

AA

Независниот пратеник Миле Цеков во емисијата Ноќно студио на 4ТВ испрати серија остри пораки до поранешните сопартијци од ЗНАМ, обвинувајќи дел од политичарите за оддалеченост од реалниот сектор, нетранспарентност и претворање на Собранието во „проточна лента“ за владините закони.

Во интервјуто, Цеков ги отфрли сите обвинувања дека неговото име или неговото семејство биле поврзани со бизнис-поволности, тендери или државни привилегии.

„Искрено, ова ми беше смешно. Ниту јас, ниту некој од мојата фамилија побарал или добил тендер, вработување или лиценца. Ако има нешто – нека се објави веднаш“, порача Цеков.

Тој потенцираше дека доаѓа од приватниот сектор и дека неговото семејство три децении функционира без државна поддршка.

„Јас сум човек од реалната економија, не од политичките кабинети“, рече пратеникот.

Тендер од 1,2 милиони евра како пример за „изгубени принципи“

Цеков откри и случај кој, според него, отвора сериозни дилеми за принципите што ги промовирала партијата.

Тој тврдеше дека лице поврзано со ЗНАМ добило тендер вреден околу 1,2 милиони евра за одржување во Македонски пошти.

„Што знае за реалниот сектор советник од ЗНАМ кој доби тендер од 1,2 милиони евра? Дали тоа беа идеалите за кои се боревме?“, праша Цеков.

Според него, токму ваквите примери ја рушат довербата кај граѓаните и ја доведуваат во прашање искреноста на ветувањата за транспарентност и борба против корупцијата.

„Пратениците повеќе гледаат во телефони отколку во законите“

Еден од највпечатливите делови од гостувањето беше критиката кон работата на Собранието. Цеков оцени дека институцијата ја губи дебатната функција и дека дел од пратениците воопшто не се посветени на законите што ги гласаат.

„Им сугерирам на колегите за време на седниците да не седат цело време на телефоните, да не нарачуваат од Тему и да не скролаат на Инстаграм и Фејсбук. Има пратеници кои не знаат ниту за што гласаат“, изјави тој.

Според Цеков, Собранието не смее да биде само механизам што автоматски ги потврдува владините предлози.

Решението го гледа во отворени листи

Независниот пратеник смета дека главниот проблем лежи во изборниот модел, кој, според него, создава зависност од партиските лидери наместо од граѓаните.

Тој се заложи за една изборна единица и отворени листи, модел што, како што вели, би овозможил граѓаните директно да избираат квалитетни кандидати.

„Додека партиските врвови ги креираат листите, ќе имаме послушници наместо независни и стручни пратеници“, оцени Цеков.

„Јас сум секој ден меѓу луѓето“

За разлика од дел од политичарите кои, според него, се дистанцирале од граѓаните, Цеков рече дека постојано е на терен во Струмица и југоисточниот регион.

„Не останувам во Скопје. Секојдневно сум со луѓето и ги слушам нивните проблеми. Само така може да се оправда довербата“, рече тој.

На крајот порача дека како независен пратеник ќе поддржува секој предлог што е во интерес на граѓаните, без разлика од која политичка партија доаѓа.

„Добар закон е добар закон, без разлика кој го предлага“, заклучи Цеков.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН

09/10/2026
Македонија

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО

09/10/2026
Македонија

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал

09/10/2026
Македонија

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА

09/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА БАРА ГЕРМАНСКО ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗДРАВСТВОТО Клековски разговараше

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

80 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА КОСКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО

09/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46086
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од вторник се очекува

09/10/2026

Утрото во сабота, 10 октомври, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во вечерните часови ќе има

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО УНЕСКО Македонија, Грција и Албанија

09/10/2026

Преспанскиот Регион би можел да се најде на Листата на светското наследство на УНЕСКО, откако Македонија, Грција и Албанија се

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал до партиска функција благодарение на

09/10/2026

Внукот на поранешната обвинителка Вилма Русковска, Герасим Лазов, се најде на удар на ВМРО-ДПМНЕ откако јавно ги критикувал состојбите во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy