Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Собранието ја изгласа првата фаза за укинување на техничката влада
Македонија

Собранието ја изгласа првата фаза за укинување на техничката влада

22/04/2026

AA

Со парламентарно мнозинство, денешната седница на Собранието донесе одлука за утврдување на потребата од носење по скратена постапка на Предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија. За одлуката гласаа 67 пратеници „за“, 13 беа „против“, а немаше воздржани, со што предлогот ја помина првата фаза од законодавната процедура.

Предложените измени се насочени кон укинување на досегашниот модел на т.н. техничка или преодна влада, кој се применуваше во периодите на подготовка и спроведување избори. Со ова, се предвидува промена во начинот на организација на изборните процеси и функционирањето на извршната власт.

Во образложението на Владата се наведува дека целта на законското решение е зајакнување на институционалната стабилност, поголема правна сигурност и заштита на јавниот интерес. Според предлагачот, државните институции треба да функционираат со целосна одговорност, без привремени политички договори кои, како што се наведува, во минатото го отежнувале работењето на системот.

Во документот се потенцира дека новата правна рамка треба да обезбеди рационално користење на јавните финансии и да придонесе кон појасен и постабилен модел на владеење, со цел гарантирање на фер и транспарентен изборен процес.

Со овие измени се предвидува укинување на досегашната пракса на формирање технички влади, при што фокусот се става на редовно институционално функционирање во рамки на уставниот и законскиот систем.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy