
СОБОРЕН РЕКОРДОТ ВО ДАРУВАЊЕ КРВ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ УЧЕНИЦИ: Најпотребна е нулта негатив
Заводот за
трансфузија на Србија е во постојан контакт со надлежните институции, а со брза
интервенција обезбедени се доволни количини крв од резервите за ранетите
ученици од училиштето „Владислав Рибникар“. Вчера на социјалните мрежи
се појави апел за дарување крв, пред се нулта негативни крвни групи за децата
кои беа ранети во престрелката.
Јелена Вучетиќ, репортер на утринската програма „Пробуди
се“, ја провери моменталната состојба, дали има доволно крв, која утрово беше
пред Заводот за трансфузија на крв.
Вчера имаше голем одзив, веднаш по овој повик кој се рашири
на социјалните мрежи, во еден момент од Институтот за трансфузија на крв рекоа
дека има доволно залихи и дека не е потребно граѓаните да дојдат денеска. Сепак
и утринава граѓаните масовно се одзваа на овој апел, луѓето се уште чекаат на ред за дарување крв.
Мирјана Кнежевиќ од Институтот за трансфузија на Србија
изјави дека имаат доволно залихи на крв, а од утрово има поторно долга
редица, има големи гужви.
– Само вчера собравме 700 единици крв, што е навистина
рекорд во работата на заводот, важно е да се напомене дека сите потреби на
повредените деца се задоволени, дека имаме се што бараат од клиниката. Можеме веднаш да испратиме и да
одговориме – рече Кнежевиќ и додаде дека вчера дошле и се уште доаѓаат многу
донатори од нулта негативната група.
ФОТО: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC
