Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со сведочење на Љупчо Палевски продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
Магазин

Со сведочење на Љупчо Палевски продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

14/04/2025

AA

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо. Во Основниот Кривичен суд Скопје со почеток во 10 часот Палевски прво треба да биде сослушан од неговиот бранител, адвокат Јовица Страшевски, а потоа да одговара на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.

На изминатото рочиште, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, одби да одговара на прашањата на Палевски. „Немам коментар“ беше одговорот на прашањата поставени од обвинетиот Палевски кон таткото на Вања. Ѓорчевски одговори единствено на првото прашање во врска со тоа дали слушнал дека има комуникација со кој било член од неговото семејство, при што одговори дека не го познава Палевски и замоли веќе да не одговара на неговите прашања.

Претходно, таткото на Вања одговараше на прашања од Обвинителството поврзани со неговиот живот, исчезнувањето на Вања и потрагата по неа. Ја критикуваше полицијата, наведувајќи дека не видел конкретни чекори за пронаоѓање на Вања. Одговарајќи на прашања од неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ, Ѓорчевски рече дека смета дека дал голем придонес во истрагата и посочи дека претрпел тортура при распитите.

Палевски е последниот сведок кој треба да сведочи, откако претходно, покрај сведоците на Обвинителството, беа сослушани и останатите обвинети.

Обвинетиот Велибор Манев ги образложи грабнувањата и убиствата на Вања и Панче, посочувајќи дека главен организатор бил Љупчо Палевски. Боре Видевски го негираше своето учество во настаните, додека, Влатко Кешишев посочи дека тој не сведочел на истите, бидејќи најчесто му била давана задачата да чува стража.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава против полициски службеник – возел со активна забрана

17/04/2026
Македонија

Стојанче сведочеше во судот: Ивана ми призна, со Мартин Саздов

17/04/2026
Македонија

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Сарај и овластено службено

17/04/2026
Македонија

Маж од Пробиштип почина во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ –

17/04/2026
Македонија

Прва самостојна изложба на свадбена фотографија во Македонија

17/04/2026
Македонија

МАРТИН МУ РЕКОЛ НА СТОЈАНЧЕ ДЕКА ИВАНА ГИ ЛАЖЕЛА ДВАЈЦАТА

17/04/2026
Македонија

Мицкоски по писмата на Филипче до ЕУ: „Моите чувства за

17/04/2026
Македонија

Скандал во битолската болница: Кривична за поранешната директорка, незаконски исплатиле

17/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42580
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава против полициски службеник – возел со активна забрана за управување

17/04/2026

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Д.М. на

Стојанче сведочеше во судот: Ивана ми призна, со Мартин Саздов ми ја подметнале дрогата!

17/04/2026

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска сведочеше обвинетиот Стојанче Јовановски, кој во својот исказ изнесе серија обвинувања поврзани со трагедијата

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Сарај и овластено службено лице од Град Скопје

17/04/2026

На 17.04.2026 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy