Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАРТИН МУ РЕКОЛ НА СТОЈАНЧЕ ДЕКА ИВАНА ГИ ЛАЖЕЛА ДВАЈЦАТА Јовановски сведочеше за дрогата, за удирањето, за критичниот ден
Македонија

МАРТИН МУ РЕКОЛ НА СТОЈАНЧЕ ДЕКА ИВАНА ГИ ЛАЖЕЛА ДВАЈЦАТА Јовановски сведочеше за дрогата, за удирањето, за критичниот ден

17/04/2026

AA

Обвинетиот Стојанче Јовановски во продолжението на денешното рочиште рече дека по случката со дрогата, неговото возило било одземено и бидејќи сакал да купи друго возило почнал да работи дополнителна работа. Затоа поретко се гледал со Ивана, но кај неа забележал поинаков однос, вознемиреност и напнатост. Ја прашал, што ѝ е, а таа му рекла дека Мартин ѝ се заканувал дека никогаш нема да ја види Катја и дека мора да престане да живее со мене и да оди кај мајка ѝ.

– Ѝ одговорив да не се вознемирува, дека јас ќе го решам проблемот. Десетина дена пред критичниот ден, мојата сопруга ми го даде телефонот за да симнам апликација за нарачување храна. Видов дека има и апликација за следење, ја отворив и во неа имаше местоположба полициска станица Карпош. Се сетив дека таму ми е возилото, кое е запленето. Ја прашав зошто ставила џи-пи-ес во мојата кола, таа почна да плаче, падна на колена да ми се извинува, дека морала тоа да го направи под присила од Мартин. Ми објасни како ми ја подметнале дрогата во возилото. Мартин ја уценувал со видеоклиповите, ѝ рекол да ми стави џи-пи-ес во колата за да знае каде е во секој момент. Ивана му го дала мојот резервен клуч, со кој Мартин го отклучил возилото и ја ставил дрогата. Ја замолив сето ова што ми го кажува мене, да го каже и на Суд кога ќе ме повикаат. Сѐ уште има џи-пи-ес во моето возило, кое е во ПС Карпош. Таа се согласи и вети дека повеќе во животот нема да има никаков контакт со Мартин. Јас се надевав дека ќе го исполни ветувањето – рече Стојанче.

Пред критичниот ден, тој рече дека бил на дополнителната работа, се вратил дома изморен, а утрото го разбудила вибрација на телефонот, од порака која пристигнала на профилот на Ивана. Пораките биле скриншотови од нејзиниот Тик-ток, од разговор со Трајче хазел.

– Сѐ уште ги имам пораките. Веднаш ѝ заѕвонив на Ивана, но таа ми спушташе. Се упатив кон нејзиното работно место кое е во близина на нашата зграда. Кога стигнав, ја видов Ивана и колата на Мартин како заминува. Се сетив на видеата со нивните сексуални опдноси, ветувањето дека никогаш повеќе нема да биде со него, сфатив дека сѐ е лага и фарса. Од револт замавнав кон неа и ѝ реков да му се јави на Мартин да се врати. Го извадив мојот телефон и ѝ ги покажував пораките што Ивана ми ги пишуваше пред критичниот ден. Пишуваше дека не сака да се разведе од мене, дека не сака да го продадеме станот, дека сака со мене да живее, увидела дека згрешила и дека нема да се повтори. Сите овие разговори постојат во мојот уред. Таа ми рече дека не знам каков психопат е Мартин, дека секој ден ѝ ѕвони и оди кај неа на работа. Во тој момент Мартин дојде, го прашав што бараш ти воопшто со неа. Тој почна да ме смирува со зборовите „чекај, има многу работи што не ги знаеш, таа нѐ лаже и двајцата“. Јас дојдов зашто дознав дека разговара со еден полицаец Трајче и дека и со него имала сексуални односи. Кога ми рече, јас се изреволтирав уште повеќе и пак замавнав кон Ивана. Им реков дека не можам да ги гледам и дека треба да одам да се пријавам во Кривичниот суд. Мартин ми кажа дека има уште многу да ми кажува за Ивана, да одиме заедно кон Кривичен и ќе ми каже по пат – рече Стојанче.

Тргнале кон судот, а кога Ивана слушнала дека Мартин има многу да му кажува за неа, таа се обидела да влезе на задното седиште.

– Мартин сакаше да ја спречи, ѝ рече „немој да мислиш дека ако си ти во колата дека нема да кажам сѐ“. Мартин ми кажа дека со Ивана биле во постојана комуникација, излегувале додека јас работев втора работа. Ивана ја заспивала Катја и оделе на паркингот спроти нашата зграда и дека имале сексуални односи. Јас револтиран ја прашав зошто ме лаже, таа негираше. Но Мартин го извади неговиот втор телефонски уред и ми покажа комуникација со Ивана на Ватсап, со видео снимки и слики од нив двајца. Го прашав зошто ми ја подметнале дрогата, а дека вистината порано или подоцна ќе се докаже. Ивана рече дека Мартин ѝ се заканувал, а Мартин ја праша „кој ти се заканувал?“, се сврте и со десната рака ја удри по лицето. Таа како да изгуби свест. Јас почнав да ѝ довикувам „Ивана, Ивана“. Мартин ми кажа дека тој ѝ го зел телефонот и ги прочитал нашите разговори во кои Ивана ми кажува дека не сака да се разведе од мене. И во тој момент Мартин се изнервирал и почнал да ја тепа. Таа наводно паднала во несвест – рече Стојанче.

Потоа, во автомобилот Мартин го повлекол телефонот од раката на Ивана и таа се разбудила. Кога стигнале пред Кривичниот суд Стојанче му рекол на Мартин да остане за да му раскаже сѐ. Кратко се задржал пред судот, а кога излегол, вели дека Ивана не им дозволувала да разговараат насамо.

– Мартин почна да кажува дека Ивана во исто време се гледала со тројца. Дека континуирано ме провоцираше да бидам агресивен, за да ѝ наштетам на Ивана. Мартин ми покажа видеоснимки од него и Ивана и јас замавнав кон неа. Не се сеќавам дали ја удрив. Ивана рече дека ќе пријави во полиција, Мартин ѝ рече да пријави и дека ќе биде тука и ќе каже што се случило. Дојдоа полицајци, направија записник, ние кажавме дека сами ќе си го решиме проблемот. Полицајците ѝ рекоа на Ивана да си замине. Јас и Мартин се качивме во кола, се упативме кон булеварот, но нѐ пресретна црна „сеат ибица“, која ни нареди да излеземе. Ни кажаа дека истата личност пак пријавила вознемирување. Тогаш Ивана се приближи, а Мартин ѝ кажа „кажи што имаш оти немам време, треба да одам“. Полицијата ја праша кого сака сега да пријави, бидејќи Мартин почна да се однесува агресивно. Ивана почна да негира и рече дека никого не сака да пријави. Полицајците заминаа. Јас и Мартин повторно се упативме со неговото возило, за да ме остави дома. Но, ми ѕвонеше телефонот, јас не се јавив, па му ѕвонеше на Мартин. Кога видов, му реков на Мартин да не ја качува Ивана во кола. Но, тој ми рече, ќе ја качам и ќе видиш што ќе ѝ направам. Ја почекавме, таа се качи и Мартин почна да раскажува дека не сум бил свесен со каква личност сум живеел. Ѝ рече дека му било доволно од нејзиното лажење и дека ќе одиме да ја земеме Катја и ќе ги однесам кај мајка ѝ – рече Стојанче.

Откако Ивана ја зела Катја од „Песталоци“, Стојанче ја зел Катја во раце.

– Мартин рече „види какво детенце имаш, нели ти е жал да го изгубиш, јас да сум на твое место подобро би се убил отколку ова да го направам“. Јас си играв со Катја и стигнавме пред нашата зграда. Ивана инсистираше да се качи сама со Катја во станот. Јас се спротиставив и се качивме сите заедно. Кога сакав да влезам во станот за да ги почекам додека се спремаат, ми се вратија мислите за тоа што ми го подметнаа во колата и им го кажав тоа. Мартин почна да негира и ме влечеше со сила да излезам од станот. Јас се спротиставував, но Катја се вознемири и затоа јас го напуштив станот. Се симнавме јас и Мартин. Ивана ми ѕвонеше, јас не ѝ се јавив, па му ѕвонеше на Мартин и му кажала дека ќе ми се јави мене на камера. Се јавив на камера и Ивана беше со Катја во раце. Катја беше во лила џемперче. Почнав да викам „Ивана, Ивана“, се упатив кон влезот на зградат и слушнав силен тресок. Се упативме двајцата кон пролазот меѓу зградата и кафулето и Мартин почна да вика „Ивана, Ивана, Ивана паднала“. Јас кога го слушнав тоа се вознемирив уште повеќе, излегов на улицата, се фрлив пред кола, колата ме удри по ногата. Ја отворив вратата и им реков да свртат десно за да ми помогнат. Потоа се јавив во брза помош, со намера дека ќе им помогнат, дека се живи. Потоа не се сеќавам, дојдоа полицајци, почнаа да ме смируваат, да ми велат „добри се, добри се“ – сведочеше Стојанче.

Тој додаде дека идејата да се земе Катја порано била на Мартин. На прашањето дали Ивана постојано била вработена, Стојанче одговори дека била вработена, но примањата ѝ се движеле од 25.000 до 35.000 денари и затоа тој работел допонителна работа за да можат нормално да функционираат.

– Зошто Ивана ти ја поклони својата половина од станот? – праша адвокатот.

– Затоа што мајка ѝ ѝ соопштила дека таа има каде да живее, а од станот каде живеела претходно нема право да бара дел. А бидејќи мојата мајка индиректно во станот вложи 20.000 евра и живеевме од парите што јас ги заработувам, Ивана ми кажа дека е најпаметно станот да гласи на мое име. Затоа тоа го направивме – рече Стојанче.

Јавната обвинителка немаше вкрстени прашања за Стојанче.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Маж од Пробиштип почина во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ –

17/04/2026
Македонија

Прва самостојна изложба на свадбена фотографија во Македонија

17/04/2026
Македонија

МАРТИН МУ РЕКОЛ НА СТОЈАНЧЕ ДЕКА ИВАНА ГИ ЛАЖЕЛА ДВАЈЦАТА

17/04/2026
Македонија

Мицкоски по писмата на Филипче до ЕУ: „Моите чувства за

17/04/2026
Македонија

Скандал во битолската болница: Кривична за поранешната директорка, незаконски исплатиле

17/04/2026
Македонија

ПЕШАК УДРЕН НА КРСТОСНИЦА ВО БИТОЛА Жител на Долна Чарлија

17/04/2026
Македонија

Обвинение за судијата Ристов кај кого беа најдени 350.000 евра

17/04/2026
Македонија

Скопскиот аеродром на трето место во регионот по бројот на

17/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42577
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Маж од Пробиштип почина во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – бил препратен за укажување на

17/04/2026

На 16.04.2026 во 06:40 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека починал Е.А.(52) од

Прва самостојна изложба на свадбена фотографија во Македонија

17/04/2026

Со изложбата насловена „A Decade of Love Stories“, фотографски бренд од Македонија одбележа значаен јубилеј – десет години посветена работа

Мицкоски по писмата на Филипче до ЕУ: „Моите чувства за прогон на функционери се сè

17/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, за време на поставувањето камен-темелник за доградба на училиштето „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров, ги коментираше писмата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy