Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со посебниот Таг уред за наплата на патарини граѓаните на Македонија и Србија ќе патуваат побрзо и побезбедно!
Македонија

Со посебниот Таг уред за наплата на патарини граѓаните на Македонија и Србија ќе патуваат побрзо и побезбедно!

16/07/2023

AA

Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ денеска, на наплатната рампа Прешево го промовираа заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините.

Станува збор за брзо и ефикасно плаќање на патарините во Северна Македонија и Србија со помош на посебен ТАГ уред за бесконтактно електронско плаќање на патарина, кој успешно функционира и овозможува непреченo движење преку териториите меѓу двете земји.

Во продолжение ја пренесуваме интегралната изјава на премиерот Димитар Ковачевски:

„Најпрвин благодарам за присуството, благодарност до премиерката на Србија Брнабиќ.

Ова е најдобра потврда дека Отворен Балкан е иницијатива која дава резултати, која функционира и која луѓето ја сакаат. Отворен Балкан ако погледнеме на истражувањата за јавно мислење е единствена регионална иницијатива која има поддршка над 80% во земјите кои се дел од иницијативата. А тоа е затоа што иницијативата дава резултати.

За само 3 месеци српски и македонски инженери успеаа да го направат решението за единствена електронска наплата на патарините. Ние денес заедно со министерот Бочварски дојдовме со кола од Скопје со купена М-ТАГ картичка од Македонија која перфектно функционира во Србија. До следниот петок ќе биде направено решението и за товарниот сообраќај, така да и камионите ќе можат да поминуваат.

Ова е уште една потврда дека иницијативата работи токму на забрзување на протокот на луѓе, стоки и услуги и на капитал. Премиерката кажа дека благодарение на оваа иницијатива трговската размена меѓу 2-те држави е зголемена над 25% од нашата страна на 50% е зголемен извозот кон Србија. Исто така и од Србија е зголемен извозот кон Северна Македонија.

Бројот на туристи кои во текот на изминатите 2 години доаѓаа во нашата држава е за 500% поголем од пред воспоставувањето на иницијативата Отворен Балкан. Она што следува е воспоставување на софтверското решение за непречена размена на работници, да може секој да дојде да се регистрира преку единствен софтвер и во Србија и во Северна Македонија и во Албанија без административни процедури кои денес траат по 3 месеци.

Ако погледнеме тука само на неколку километри веќе се проширени и лентите за побрзо поминување на границите, а министрите за внатрешни работи веќе работат на единствено софтверско решение кое ќе овозможи само една контрола на границата меѓу Србија и Северна Македонија, со што ќе биде уште повеќе забрзано поминувањето на границата.

Тоа е она што граѓаните го сакаат, тоа е она што ние го правиме, без разлика што денес е топло и над 35 степени, сите сме тука за да може да означиме почеток на нешто што навистина ја забрзува комуникацијата меѓу двете држави. Ние ќе работиме уште повеќе на зголемувањето на размената. Македонците сакаат српски производи, Србите сакаат македонски производи и за таа цел мештовитата трговска комисија ќе работи на што поголемо зближување и на компаниите, отворање на 2-та пазари и тргање на сите безцарински бариери кои во моментов ги има, а кои во текот на минатата година ги намаливме.

Благодарам уште еднаш на сите, до двете министерства, до двете претпријатија за патишта кои што работеа на имплементација на ова решение и кои за 3 месеци успеаа да го направат.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ПОДДРШКА ЗА КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА БРВЕНИЦА Им

28/10/2026
Македонија

СТОЈНА ОД КУКЛИЦА Е БЕСТРАШНА ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА И ПРЕД СУДОТ

28/10/2026
Македонија

🎥 ЈАВНИТЕ УСЛУГИ И ДОКУМЕНТИ ДИРЕКТНО ВО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН Апликацијата

28/10/2026
Македонија

СТУДЕНТИТЕ ДА НЕ СЕ КАЧУВААТ ПО РАДИЈАТОРИ И ДА ГИ

28/10/2026
Македонија

СО АПЛИКАЦИЈАТА М.УСЛУГИ ДО ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ И ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ Личен

28/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО СКОПЈЕ Тројца се

28/10/2026
Македонија

КОРУПЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ АНОНИМНО И

28/10/2026
Македонија

ОТКАЖЕТЕ ГО ТЕРМИНОТ АКО НЕ ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРАТЕ ПРОТИВ

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46410
  • Регион 3999
  • Свет 17
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ПОДДРШКА ЗА КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА БРВЕНИЦА Им порача на жителите да не

28/10/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека на вториот круг од вонредните локални избори за градоначалник на

СТОЈНА ОД КУКЛИЦА Е БЕСТРАШНА ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА И ПРЕД СУДОТ Повторно приведена зашто наплаќала влезници

28/10/2026

Полицијата вчера повторно ја привела Стојна Димитровска Боотх, жената која наплаќаше влез во локалилетот Куклица. Како што наведува полицијата, С.Д.Б.(41)

🎥 ЈАВНИТЕ УСЛУГИ И ДОКУМЕНТИ ДИРЕКТНО ВО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН Апликацијата м.Услуги нуди едноставен пристап на

28/10/2026

Министерството за дигитална трансформација денеска официјално ја лансираше мобилната апликација m.Uslugi, новиот мобилен пристап до дигиталните јавни услуги и електронските

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy