СО ПЛАТА ЕДВАЈ ПОВИСОКА ОД МИНИМАЛНАТА ЌЕ ПРОДАВААТ КРИМИНАЛНО СТЕКНАТ ИМОТ – кадар бара Агенцијата за управување, еве што се нуди
Агенцијата
која го продава одземениот имот стекнат од нелегални активности или подобро
речено од криминал, бара да вработи нови луѓе, бидејќи имала зголемен обем на
активности, ама изгледа нема доволно средства да им обезбеди и мотивирачки
плати.
Односно,
тие се движат од 22 илјади, помалку од она што од март годинава ќе изнесува минималната
плата во земјава, па преку 23, 25 и едвај 29 илјади денари, што исто така не се смета за сериозен
месечен паричен надоместок за една ваква сензитивна институција.
Како што е познато, сега минималната плата е 20.175 денари, а од март годинава таа ќе биде на ниво од 22.500 денари.
На
веб страницата на Агенцијата за управување со одземен имот е објавен оглас за
вработување на пет лица и тоа на определено време, поради, како што напишале
оттаму, зголемен обем на работа, и тоа до крајот на оваа година.
Првиот
кадар што се бара е соработник-преведувач на албански и англиски
јазик, во Одделението за нормативни и
правни работи. Од него се бара да има ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на
квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1
степен, од областа наука за книжевноста, потоа активно познавање на компјутерски програми
за канцелариско работење, најмалку една година работно искуство во струката, како и активно
познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија, односно англиски,
француски или германски. Неговата нето плата ќе биде 28.600 денари.
Се бара и помлад соработник за
материјално – финансиско работење во Одделение за сметководство и плаќање при Секторот за
финансиски прашања со
локација на работно место во Скопје. Треба да има завршено високо образование и тоа економски науки или организациони
науки и управување, односно менаџмент,
како и компјутери и јазици. Неговата плата ќе биде 25.400 денари.
Третата позиција ќе
биде самостоен
референт за евиденција на одземен имот, во Одделението за
преземање и евиденција на одземен имот. Овој кадар треба да има ниво на стручни
квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на
квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку
вишо или средно образование, а покрај познавање на комјутери и еден од
јазиците, да има и најмалку три години работно искуство во струката.
Ќе зема плата од 23.000 денари.
Се бара и еден возач
кој ќе биде платен 22.100 денари, како и чувар, кој ќе ја има истата плата.
Вчера заврши рокот за
доставување на пријавите, а изборот на кандидатот ќе се изврши најдоцна во рок од три
дена. Постапката ќе ја спроведе Комисија формирана од страна на
директорот на Агенцијата за управување со одземен имот.
Агенцијата за
управување со одземен имот во последниов период беше во фокусот на јавноста со
продажбата на трите луксузни стана на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кои
беа купени од фирмата на неговиот син Јордан.
Н.Н.Ф.