Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со настан во Кавадарци, продолжуваат отворените средби со граѓаните на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
Македонија

Со настан во Кавадарци, продолжуваат отворените средби со граѓаните на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

18/09/2023

AA

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, продолжува со организација на отворени средби со граѓаните, невладиниот сектор и институциите. Следниот ваков настан ќе се одржи во среда, 20 септмеври 2023 година, во салата на Советот на Општина Кавадарци.

На оваа отворена средба, сите заинтересирани граѓани, активистите од граѓанските организации кои делуваат во областа на човековите права, како и на институциите на локално ниво, ќе имаат можност, преку директна комуникација со претставници на КСЗД, да се запознаат со надлежностите и начинот на работа на ова независно институционално тело кое работи на  промоција на еднаквоста, унапредување на човековите права и спречување и заштита од секаков вид дискриминација.

„За поефикасна борба против сите форми на дискриминација потребно е тие точно и навремено да се препознаат и да се најде најдобриот начин како тие да се превенираат и спречат. Токму ваквите отворени средби се покажаа како ефикасен начин за остварување на ваквата цел, затоа што тие ни овозможуваат, преку директна комуникација со граѓаните, организациите и локалните институции и со разгледување конкретни примери од практиката, да  се запознаеме со нивните мислења и предизвиците со кои тие се соочуваат, но истовремено и да ги објасниме надлежностите и начинот на работа и постапување на Комисијата“, изјави членот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Ирфан Деари, истовремено повикувајќи ги сите заинтересирани граѓани и граѓански активисти да присуствуваат на отворената средба во Кавадарци.

Ваквите настани претставуваат и дополнителна можност за продлабочување на соработката меѓу Комисијата и претставниците од граѓанскиот сектор и институциите, со цел подигнување на јавната свест, поголема мобилизација во целото општество и заедничко делување во борбата против дискриминацијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕДОВНО ГУБИ НА ИЗБОРИ, ЗОШТО БИ САКАЛЕ НЕГОВА СМЕНА

29/09/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45860
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ Еднаш и Пендаровски и Ковачевски

29/09/2026

Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација во САД, ќе потсетам дека со владите на Зоран Заев и Димитар

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР САМУИЛ ОД ГРЦИЈА Радев се

29/09/2026

Останките што му се припишуваат на цар Самуил наскоро би можеле да го напуштат Солун, повеќе од половина век откако

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР САМУИЛ ОД ГРЦИЈА Радев се

29/09/2026

Останките што му се припишуваат на цар Самуил наскоро би можеле да го напуштат Солун, повеќе од половина век откако

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy