Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со изградба на Коридорот 8 стануваме неизбежна транспортна рута во регионот, вели Бочварски
Македонија

Со изградба на Коридорот 8 стануваме неизбежна транспортна рута во регионот, вели Бочварски

16/05/2023

AA

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска престојува во работна посета на Црна Гора, каде учествува на министерската конференција посветена на поврзаност на земјите од Западен Балкан, во организација на Секретаријатот на транспортната заедница и ЦЕФТА.

Во рамки на Конференцијата, министерот Бочварски го потпиша Анексот на Одлуката на Европската комисија „Разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Северна Македонија“, со кој Коридорот 8 станува дел од мапата на главни коридори на Западен Балкан, во рамки на проширувањето на Транс-европските транспортни мрежи на Европската Унија.

Министерот Бочварски обраќајќи се пред присутните, соопштија од ресорното министерство, ја истакнал важноста од регионалната поврзаност, со посебен акцент на патниот и железнички Коридор 8 и проектите што се реализираат на истиот.

– Денеска ја потпишав Спогодбата помеѓу Северна Македонија и Европската Унија за впишување на овој многу значаен Коридор на оската исток – запад во мапата на главните европски коридори. Оттука наша е обврската да продолжиме со изградбата на патниот и железничкиот Коридор 8, да го доведеме до ниво на модерна, квалитетна и безбедна патна врска, со што и на дело ќе покажеме дека овие политики не се политики само за на хартија, туку политики кои ги реализираме на терен. За Република Северна Македонија ова е стратешки важна одлука на Европската Унија со што веќе сме позиционирани централно како крстосница во регионот на два главни европски коридори, на Коридорите 8 и 10, изјавил министерот Бочварски.

Како што стои во соопштението од Министерството за транспорт и врски, тој додал дека развојот на Коридор 8 долж оската исток – запад е неопходен економски и политички инструмент кој на регионот ќе му помогне да ја подобри регионалната поврзаност и стабилност.

Целта на развојот на Транс-европските транспортни мрежи (ТЕН-Т) е обезбедување непречен, одржлив и ефикасен транспорт низ Унијата, зајакнувајќи го социјалното, економското и територијалното единство.

– Со геостратешката положба на Република Северна Македонија и фактот дека Коридорите 8 и 10 се дел од главната транспортна мрежа, стануваме неизбежна транспортна рута не само во регионот, туку и пошироко. Целта на транспортната политика на Северна Македонија се Коридорите 8 и 10 како дел од основната мрежа до 2030 година односно до 2040 година за проширената главна мрежа да бидат изградени по ТЕН-Т ЕУ стандардите, се наведува во соопштението.

На Конференцијата, покрај министерот Бочварски, присуствувале и министри за транспорт и инфраструктура на земјите од регионот, како и претставници на Транспортната заедница и Европската комисија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
Македонија

ТЕЛЕКОМ СВИКА РОДИТЕЛСКА СРЕДБА Темата беше заштита од врсничко насилство

28/09/2026
Македонија

ЈАВНОСТА СВЕДОЧИ НА РАСПАД ВО ЖИВО НА СДСМ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ

28/09/2026
Македонија

ДРЖАВАТА ГИ СЛУШНА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ Изработи прирачник за

28/09/2026
Македонија

ПОЧИНА 70-ГОДИШЕН МАЖ ОД АЕРОДРОМ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Десетта жртва

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45852
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски со порака до Софија и

28/09/2026

Сакаме да најдеме решение за проблемот со Бугарија што ќе ни обезбеди предвидливост на процесот на евроинтеграција. Има желба од

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16 млади Македонци заминале во Србија,

28/09/2026

Најмалку 16 млади момчиња од Македонија досега биле идентификувани како лица кои заминале во Србија и биле вовлечени во активности

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ ДАВАШЕ РАЗЛИЧНИ ОДГОВОРИ Вештакот тврди

28/09/2026

Во Основниот суд Куманово, денеска продолжи судењето против Трајче Бојковски, од општина Старо Нагричане, обвинет за четири убиства на жени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy