Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката
Македонија

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

29/03/2025

AA

Во далечната 2000 година Коста Шапков беше 55-годишен машинобравар. Сега има речиси 80 години, се радува на своите внуци и на секој нов ден. Први март 2000 година, 16 часот се денот и часот кои тој вечно ќе ги памети, како почеток на неговиот втор живот. Шапков беше првиот пациент во Клиника Жан Митрев, кога врз него беше изведена првата бајпас операција во Македонија.

Пред неколку години, Шапков скромно изјави дека „некој морало да биде прв”.

„Ете, мене така ми се погоди. Не се надевав дека со мене и моето име ќе се испише историјата”, рече Шапков.

И основачот на клиниката, д-р Жан Митрев, овој датум и овој час ќе го памети вечно, бидејќи тогаш се ставија темелите на тогашната Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори”, која подоцна прерасна во Клиника Жан Митрев, а тој ја изведе првата бајпас операција. Зафатот траеше повеќе од четири часа и заврши успешно, а во една прилика, д-р Жан Митрев изјави дека оваа операција била неговата најтешка, опишувајќи ја како „операција на духовното срце на Македонија” и реализација на една визија, означувајќи нова ера во македонската кардиоваскуларна хирургија.

Кочанчанецот Шапков во далечната 2000 година почувствувал болка во градите, веднаш се упатил во болница и бил препратен во Скопје. На скопската клиника му било кажано дека таква интервенција не може да се направи и како опција му била препорачана Бугарија.

„Таму јас не можев да одам, а веќе имав чуено за д-р Жан Митрев и сакав да се оперирам кај него. И по некое време навистина добив телефонски повик, да дојдам и да почнам со испитувањата. Кога дојде д-р Жан Митрев, ми рече, Коста, тебе прв ќе те оперираме, работата е критична. Јас реков оперирајте, мора некој да биде прв”, раскажа Шапков.

Оттогаш поминаа 25 години, а оваа визија продолжи да се развива, со што Клиниката Жан Митрев се етаблира како лидер во медицинската иновација и врвната здравствена нега во регионот.

Во 2002 година, клиниката ја изведе првата операција на отворено срце врз буден пациент, што исто така претставуваше значителен напредок во медицинската пракса.

Понатаму, продолжија да се бројат успесите, иновациите и воведувањето нови напредни медицински технологии. Годинава, Клиника Жан Митрев одбележува 25 години постоење, а срцето на првиот пациент сѐ уште силно чука, како сведок на почетокот на првото отворање на вратите на хируршките сали кои ќе ја сменат иднината на кардиоваскуларната хирургија во Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗА СИЛНА БРВЕНИЦА, ДОСТАПНА ЗА СИТЕ Мицкоски ги повика жителите

16/10/2026
Македонија

🎥 ЖЕНА ТЕПА СО ТУПАНИЦИ ПОСТАРА ЖЕНА КОЈА СТОИ СО

16/10/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА КАКО ПАЦИЕНТ ОД РИЗИЧНА ГРУПА Клековски

16/10/2026
Македонија

ВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПАТУВА ДО СКОПЈЕ ЗА ДА

16/10/2026
Македонија

АРМИЈАТА НАСКОРО ДOБИВА ДВА ТРАНСПОРТНИ ХЕЛИКОПТЕРА, А ПОТОА УШТЕ ШЕСТ

16/10/2026
Македонија

НА КОСТАДИНОВ МУ СТЕГНАА ПЕТТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА Го гонат за

16/10/2026
Македонија

ТЕПАЛЕ ДЕТЕ ВО УЧИЛИШЕН ДВОР, СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОН Снимката од

16/10/2026
Македонија

БРВЕНИЦА В НЕДЕЛА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК Шестмина кандидати за лидер на

16/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46210
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗА СИЛНА БРВЕНИЦА, ДОСТАПНА ЗА СИТЕ Мицкоски ги повика жителите на општината да гласаат за

16/10/2026

Локалните избори во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме, онаа каква нуди СДСМ, полна со навреди и со

🎥 ЖЕНА ТЕПА СО ТУПАНИЦИ ПОСТАРА ЖЕНА КОЈА СТОИ СО ВОЗИЛОТО Тепачка среде раскрсница во

16/10/2026

Вчера на улицата Теодосиј Гологанов во Скопје се случил инцидент во кој жена физички нападнала друга, повозрасна жена која со

МИНИСТЕРОТ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА КАКО ПАЦИЕНТ ОД РИЗИЧНА ГРУПА Клековски ја најави вакцинацијата против грип

16/10/2026

Се очекува во среда (21 октомври) да почне вакцинацијата против сезонски грип, најави министерот за здравство, Сашо Клековски. Тој рече

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy