Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со хуманитарна трка посветена на настраданите во Кочани ќе се одбележи Денот на Европа
Македонија

Со хуманитарна трка посветена на настраданите во Кочани ќе се одбележи Денот на Европа

28/04/2025

AA

Со хуманитарна трка посветена на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус годинава ќе го одбележат Денот на Европа. На 25 мај, во исто време во Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе се трча за поддршка на Кочани.

„На трката ‘Сите за Кочани-трчаме заедно‘ може да учествува секој, без разлика на возраста или физичката подготвеност. Трките се наменети за сите односно рекреативци, спортисти, аматери, помлади и повозрасни, бидејќи не се работи за километри, туку за солидарност. На 25 мај, нема да трчаме за резултати, ниту пак за награди – ќе трчаме за солидарност и за вредностите кои нѐ дефинираат како општество и како заедница“, велат од Делегацијата на ЕУ.

Пријавувањето е веќе започнато и се одвива преку платформата https://sitezakocani.mk. Таму секој заинтересиран може да го избере градот од кој ќе трча и да стане дел од најзначајната хуманитарна трка годинава. Собраните средства од котизациите ќе бидат донирани преку Црвениот крст, кој ќе се погрижи донациите да стигнат директно до заедницата во Кочани, таму каде што помошта е најпотребна.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ кој се случи на 16 март, загинаа 62 лица, а речиси 200 лица беа повредени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy