Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор
Регион

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

05/10/2024

AA

Тешка механизација од утрово е на терен во Дола Јабланица. Спасувачите со голи раце ги
отстрануваат и урнатините и остатоците од куќите, дрвјата и другите предмети за
да го расчистат теренот и да стигнат до куќите.

Новинарката на
Федерална ТВ од Сараево, Дамира Ибрановиќ за Фактор соопшти повеќе детали што се
случува денеска во катастрофално погодените подрачја бо БиХ.

-За само
неколку часа животот на луѓето во погодените подрачја е превртен наопаку, а
според последните информации од локалните власти загинаа повеќе од 20 лица. Десетици се водат како исчезнати. За жал,
речиси со сигурност можам да кажам дека оваа бројка не е конечна, бидејќи
свлечиштата затрупаа цела населба во Долна Јабланица додека луѓето спиеја и се уште се работи на ископување
на тој простор. Навистина е страшно тоа што се случи, а уште пострашно е што
покрај природниот фактор кој секако е последица на климатските промени има и
човечки фактор. Обемот на свлечиштето во Дола Јабланица е поголем поради локалниот каменолом, кој ги нема сите
потребни дозволи за работа, а работи речиси 30 години. И непланското сечење на
шумите кое апсолутно не е контролирано од државата, негрижата на владата за
речните корита, непланското градење… сето тоа се фактори кои значително
придонесоа за катастрофата што ги снајде овие луѓе. Жално е што по катастрофалните
поплави во 2014 година ништо не научивме и надлежните не презедоа ништо такво
нешто да не се повтори. Знаеме дека сме повеќе или помалку немоќни пред
природата, но сепак има некои работи што може да се направат за барем да се
намали обемот на катастрофите како овие поплави, посочува Ибрановиќ во изјава за нашиот медиум.

Таа вели дека
дури и во вакви ситуации секогаш има барем некоја светла точка, ако може така да се нарече.

-Во
моментот кога ги броиме загинатите во нашата земја, солидарноста на луѓето и
подготвеноста за помош е
добредојдена. Вчера хуманитарната организација pomozi.ba собра 250.000 марки
за помалку од 24 часа за да им помогне на луѓето во поплавените подрачја.
Отворени се пунктови низ БиХ каде граѓаните можат да носат храна, лекови,
ќебиња, облека и се друго што е потребно за овие луѓе. Бројни градови и општини
веќе донираа стотици илјади марки од нивните буџети; компании и поединци исто
така. Цивилите во моментов се спречени физички да помагаат на терен поради
нивната безбедност, но секако ќе придонесат кога ќе помине опасноста, преку активности за чистење и помагање на
други начини. Хрватска и Турција ги ставија на располагање сите свои ресурси и
тимови кои можат да помогнат. Хрватска
дури воведе механизам на Европската унија за такви ситуации. Верувам дека и
другите земји од околината се достапни да помогнат, вели Ибрановиќ.

Најмалку 21 лице загина во катастрофалните поплави што ја погодија Босна и Херцеговина. Само на
подрачјето на Јабланица во поплавите и свлечиштата што синоќа ја погодија БиХ
загинаа 17 лица. Се стравува дека бројот на жртвите може да биде значително
поголем, бидејќи стотици луѓе се сметаат за исчезнати.

Урнати се голем број куќи, се урнаа патишта, мостови, па
дури и железничка пруга. Се бара сместување за голем број луѓе кои останале без
покрив над главата.

Анита Буховски

фото: EPA-EFE/NIDAL SALJIC

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45796
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во зимскиот период

25/09/2026

Крајно време е Венко Филипче да си замине од СДСМ. Она што луѓето од Платформата 12.05 одлучно и јавно му

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници, дата центри, на сè што

25/09/2026

  Венко Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, па затоа нека се посвети малку

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го признал делото

25/09/2026

68-годишен жител на радовишко Калаузлија е приведен под сомнение дека подметнал пожар во атарот на селото. А.А. бил лишен од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy