
СО БОЈКОТОТ ПРОМЕТОТ ВО ГОЛЕМИТЕ МАРКЕТИ Е НАМАЛЕН ЗА СКОРО 47 ОТСТО: УЈП ги соопшти остварените суми
Вчерашниот бојкот
на поголемите маркети резултираше со намалување на прометот за скоро 47 отсто. Управата
за јавни приходи (УЈП) соопшти дека осумте најголеми синџири на маркети во
земјава вчера оствариле значително понизок промет во споредба со претходните
денови.
Во петок, 31 јануари 2025 година, до полноќ, регистрираниот
готовински промет преку GPRS системот на УЈП изнесувал 114.293.367 денари.
Ден порано, во четврток, 30 јануари, прометот бил
212.782.151 денар, додека во петок, 24 јануари, синџирите на маркети оствариле
промет од 213.985.705 денари.
Според споредбената анализа, во петок, 31 јануари, во однос
на петок, 24 јануари, забележан е пад од 46,59 отсто. Во однос на четврток, 30
јануари, пак, намалувањето изнесува 46,29 отсто.
