Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Граѓаните и денеска со свеќи и цвеќе ѝ оддадоа почит на Фросина
Македонија

Граѓаните и денеска со свеќи и цвеќе ѝ оддадоа почит на Фросина

01/02/2025

AA

Со палење свеќи и положување цвеќе, граѓаните и денеска ѝ оддадоа почит на Фросина Кулакова од Неготино, која трагично го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, во близина на Универзалната сала во Скопје.

Дваесет и двегодишната девојка беше прегазена пред три дена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој управувал возило под дејство на алкохол, без возачка дозвола и поминал на црвено светло, додека таа законски минувала на пешачкиот премин.

На осомничениот му беше изречена мерка притвор од 30 дена, а веќе имал кривични пријави за сообраќајна незгода и недозволена употреба на дрога.

Барање правда и одговорност

Граѓаните и вчера се собраа на мирен собир, палејќи свеќи и оставајќи цвеќе пред фотографијата на Фросина. Со пораки како „Врските не враќаат човечки живот“ и „Не е несреќа, туку убиство“, тие побараа одговорност од институциите и правда за сите жртви во сообраќајни незгоди.

Мирен собир вчера се одржа и во Неготино, родниот град на Фросина, а протест е најавен и за утре во Кавадарци.

Црна статистика

Фросина е само една од жртвите на несовесното возење на улиците во Скопје. На 20 јануари 2022 година, студентката Викторија Николова беше прегазена на пешачки премин кај „Скопје Сити Мол“, а на 3 април 2015 година, студентката Фросина Цековска го загуби животот на пешачки премин во близина на Универзалната сала.

Граѓаните повикуваат на итни мерки за зголемување на безбедноста на пешаците и построги казни за несовесните возачи, за ваквите трагедии никогаш повеќе да не се повторат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сиљановска-Давкова: Првачињата да се борат за знаење, а не само

01/09/2026
Македонија

Јаневска со порака до првачињата: Освен знаење од родителите барајте

01/09/2026
Македонија

Битката за Пелистер заврши по 72 часа: Пожарот ставен под

01/09/2026
Македонија

Тошковски: По 30 години повторно се создава нова генерација полициски

01/09/2026
Македонија

МВР: Меѓународната потерница по Симеон Михаилов сè уште е активна

01/09/2026
Македонија

Здружението „16 март“ по денешното рочиште за „Пулс“: Ако знаеле

01/09/2026
Македонија

Комисијата за заштита на конкуренцијата го анализира новиот режим на

01/09/2026
Македонија

УХМР предупредува: Наместа ќе има услови за локална нестабилност со

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45371
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сиљановска-Давкова: Првачињата да се борат за знаење, а не само за оценки

01/09/2026

Со желби за љубопитност, успех и нови знаења, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги пречека најмладите ученици во Охрид. Таа присуствуваше

Јаневска со порака до првачињата: Освен знаење од родителите барајте и братче или сестриче

01/09/2026

Со подобрени услови во училиштата, обезбедени учебници и технички помагала, учениците ја започнуваат новата учебна година, информира министерката за образование

Битката за Пелистер заврши по 72 часа: Пожарот ставен под контрола благодарение на огромната акција

01/09/2026

По 72 часа непрекината активност на терен и три тешки ноќи поминати на линијата на огнот, пожарот на Пелистер е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy