
Со автомобил влета во луѓе на прослава на титула во Ливерпул – уапсен Британец!
53-годишен Британец е уапсен по сообраќајна несреќа за време на победничката парада на Ливерпул во Премиер лигата, потврди полицијата од Мерсисајд.
Според првичните информации, инцидентот се случил на улицата Вотер, недалеку од центарот на градот, каде што наводно автомобил удрил во неколку пешаци. Во тој момент, големи маси навивачи се собираа на улиците со часови, славејќи го шампионскиот успех на клубот.
Сè уште не е познато дали има повредени, а локалните власти и полицијата сè уште не објавија дополнителни детали.