
Со автомобил удрил во пешаци во Лондон – полицијата вели не е тероризам
МАЖ (31) утрово со автомобил удрил во пешаци во лондонскиот Вест Енд. Тој беше уапсен под сомнение за обид за убиство, а Метрополитен полицијата соопшти дека четири лица се пренесени во болница, од кои едното е во животна опасност. Полицијата додаде дека се работи за изолиран инцидент кој не е поврзан со тероризам.

