Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со 62,2 милиони туристи и приход од 61,1 милијарди долари во 2024, Туркије соборува рекорди во туризмот
Македонија

Со 62,2 милиони туристи и приход од 61,1 милијарди долари во 2024, Туркије соборува рекорди во туризмот

03/02/2025

AA

Над 62 милиони туристи ја посетила Туркије минатата година, што претставува раст на бројот на туристи од  9,8% на годишно ниво. Растот на бројот на туристи е уште поголем и изнесува 20,3% доколку остварените резултати од минатата година се споредат со резултатите пред пандемијата од 2019 година.

Зголемениот број на туристи донесе и раст на приходот на Туркије од туризам за 8,3% во однос на 2023 година. Приходот од туризам во 2024 година изнесува 61,1 милијарди долари, со што минатата година беше најуспешна туристичка година за Туркије. Бројот на туристи што ја посетиле Туркије минатата година ги надмина и проекциите од 60 милиони посетители, а истите беа ревидирани во октомври минатата година на 61 милиони туристи.

Европа, Блискиот Исток и Централна Азија остануваат најголеми пазари за туризмот во Туркије, додека новите пазари како Америка, Индија и Кина забележаа голем раст во 2024. Земји од кои потекнуваат најголем број туристи за Турција остануваат Русија, Германија и Велика Британија, а значителен е растот на бројот на туристи од новите пазари, како што се САД со 8,1%, Кина со 65,1% и Индија со 20,7%.

Странските туристи во Туркије во просек престојувале 10,7 дена, а приходот по турист е 972 УСД. Според Туристичката организација на Обединетите Нации, Туркије е меѓу првите 5 најпосетени дестинации во светот во 2023 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови

02/09/2026
Македонија

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со

02/09/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и

02/09/2026
Македонија

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое

02/09/2026
Македонија

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава

02/09/2026
Македонија

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026
Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45412
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy