Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Голема мечка следела и гонела 15-годишно дете коешто за среќа успеало да избега
Македонија

Голема мечка следела и гонела 15-годишно дете коешто за среќа успеало да избега

03/02/2025

AA

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава дека во текот на вчерашниот ден (недела, 02.02.2025 година) во период од 18.15 до 20.15 часот во атарот на с.Крапа во Општина Македонски Брод, возрасна мечка што не била со мали димензии и не личела на одраснато мече што се изгубило, следела и гонела малолетно дете (околу 15 години), коешто за среќа успеало да избега, не било директно нападнато и не било повредено, иако паднало при бегањето кога заедно со стадото овци се враќало кон трлото, односно дома во селото. ЦУК, во координација со локалната полиција доби информација дека истиот настан е пријавен во ПС Македонски Брод за опасност по луѓе и движење на диви животни (мечка).

Покрај известувањето од пријавата на 112, ЦУК доби дополнителни информации за опасноста од мечката, односно мечките, од 61-годишниот родител – татко на детето, којшто искажа голема вознемиреност и страв за животот на децата заради опасниот последен настан кога мечка го гонела неговиот помал син. Притоа, тој информираше дека во последната година зачестиле средбите со мечки, односно дека се почесто ги гледаат околу нив. Конкретно, пред еден месец мечка им грабнала една заостаната овца при движење на стадото и ја изела. Тоа го утврдиле на теренот, според пронајдените остатоци од исчезнатата овца и траги, а и измет, од мечката којашто тие ја именуваат како „мршарка“ (којашто јаде месо од угинати животни, но и од животни коишто ќе успее да ги фати, улови).

Инаку, според нивната искуствената проценка (на засегнатото семејство) за средби со диви животни, а и според забележаните траги околу нивното стадо од 300 овци во многу наврати, мечка или повеќе мечки во последната година, а особено во време на последниот еден месец, биле спуштени во понискиот предел во ливадите кон селото Зрзе, но во правец повеќе на с. Дебреште близу меѓуопштинската граница со Општина Прилеп, а сепак на територија на Општина Македонски Брод. Според трагите и лаењето на кучињата од селото Крапа, мечката или мечките се движеле и кружеле се почесто и се поблиску до селото, а секако и до и околу трлата со добиток.

ЦУК, преку Секторот за операции и координација ги извести сите релевантни служби и институции во Системот за управување со кризи за да се преземат безбедносни мерки за да се заштитат граѓаните и нивниот имот од можни напади диви животни со хумани мерки, во конкретниот случај од мечките на територијата, односно посочениот предел околу с.Крапа во Општина Македонски Брод.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови

02/09/2026
Македонија

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со

02/09/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и

02/09/2026
Македонија

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое

02/09/2026
Македонија

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава

02/09/2026
Македонија

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026
Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45412
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и во Македонија

02/09/2026

Компанијата „Старлинк“ најави проширување на својата мобилна услуга во Европа во соработка со телекомуникациската групација „4иГ Груп“, а во плановите

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови од Македонија

02/09/2026

Бран од нестабилно време зафати поголем дел од земјата, донесувајќи слаби до умерени, а наместа и интензивни поројни врнежи од

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со сила пресретнале и претепале 22-годишник

02/09/2026

Велешката полиција вчера ги лишила од слобода 50-годишниот Н.С. и неговиот 20-годишен син М.С. по пријава за физички напад и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy