
СЛИКА ОД ЈАДРАНОТ, БЕСНЕЕ МОРСКОТО ТОРНАДО: „Уловено“ во близина на Дубровник
Во близина на
Дубровник денеска е видена „пијавица“, водно торнадо.
N1 пишува дека
пијавицата била блиску до градот, но не е забележана штета. На Фејсбук
страницата Storm Chasers Dubrovnik утрово е објавена фотографија од тоа како
изгледала пијавицата во близина на Дубровник.
Според прогнозата
на ДХМЗ денеска ќе биде претежно сончево во далматинскиот крај, додека во
внатрешноста попладне со засилен развој на облачност ќе врне дожд. Ќе дува
умерен јужен ветер, највисоката дневна температура ќе биде од 30 до 32 целзиусови
степени.
ФОТО: P. P.
