Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЛЕДУВААТ ИСТОРИСКИ ГОДИНИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА АРМИЈАТА Во Вашингтон зборувавме за стотици милиони долари инвестиции, вели Мисајловски
Македонија

СЛЕДУВААТ ИСТОРИСКИ ГОДИНИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА АРМИЈАТА Во Вашингтон зборувавме за стотици милиони долари инвестиции, вели Мисајловски

09/04/2026

AA

Историски години и нова ера ќе следува за македонската Армија, стотици милиони, па и милијарди долари за модернизација. Македонската Армија ќе биде на повисоко ниво и со неа ќе се гордееме, ќе биде модерна армија со многу голема огнена моќ, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски, зборувајќи за придобивките за државата во областа на одбраната и безбедноста од Стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави што се одржа оваа недела во Вашингтон.

Најважното прашање за кое се разговарало, рече, е издвојувањето од 3,5 проценти од БДП за наредните десет години преку буџетот на Министерството за одбрана, за што бил презентиран план како да се стигне целта, што директно ќе се вложува во Армијата и каква опрема ќе се купува во наредната деценија.

Во гостување во Дневникот на ТВ Сител Мисајловски рече дека Армијата ќе добие многу нова опрема и дека на состаноците се разговарало таа да се купува директно од САД, за што ќе почнат директни преговори со Стејт департментот и со Пентагон.

Посочи дека буџетот на МО многу ќе се зголемува за да се исполни барањето од НАТО за издвојувања во одбраната. Како што рече, во услови на криза тоа е тешко, но дека тоа барање на НАТО е круцијално и ние го правиме тоа на што сме се обврзале кон Алијансата.

– Ќе го оствариме планот за десет години и она што се бара од НАТО, внимателно, чекор по чекор. Ќе има реакции, но гледате што се случува во регионот и на геополитичката сцена, има две паралелни војни и секоја земја забрзано купува опрема. Мора да си го гледаме својот двор и да склучиме договори што побрзо со големи држави, зашто за опрема многу се чека во целиот овој сплет на околности. Многу ќе се зголемува буџетот во МО, што ни дава шанса да се позиционираме во наредните десет години, да бидеме фактор на стабилност, да купуваме опрема за наши потреби, но утре да помагаме во разни мисии и интероперабилноста да ја зголемиме на секое ниво – изјави Мисајловски.

Додаде дека во процесот на модернизација, новите капацитети и инфраструктурата ќе се работи на тоа да биде вклучена и нашата индустрија и домашните компании и паралелно со зголемување на буџетот за одбрана, дел од средствата да остануваат и во нашата држава.

На состаноците во Вашингтон била констатирана лојалноста на нашата држава кон Америка и позицијата на земја партнер и пријател на НАТО-сојузниците, пред се на САД, и тоа, рече, ќе се продлабочува со договори што ќе се потпишуваат. Како што рече, ние сме мала земја, но можеме да помогнеме на разни начини и тие се благодарни за тоа.

– Најважно е што сега, а се надевам и во иднина, сме една од државите со најголема стабилност во регионот и продуцираме стабилност насекаде – истакна Мисајловски.

На средбите  оваа недела се разговарало и за надградба на капацитетите за заштита од кибернапади и хибридни напади и оти од буџетот на МО ќе се издвојува посебна сума за дигитализација и за нови системи за повисоко ниво на заштита.

– Министерството има посебен сајбер капацитет, можеби сме најподготвени како институција, пред сè во воениот дел, за да ги следиме сите тие закани и ризици, и за ова прашање целосно соработуваме со САД, кои ни помагаат и директно во нашите системи и  можат сите ризици да ги детектираат – рече Мисајловски.

На прашањето со какви ризици се соочува државата во моментов, министерот одговори дека „безбедносната слика се менува од ден на ден“ и дека најголемите предизвици ќе бидат во економијата зашто сме индиректно загрозени од глобалните случувања.

– Тоа е едно од, би рекол, опасните прашања што нè задира како држава. Второ се сајбер и хибридните закани, што ќе ги имаат и други држави, влијанија од други земји преку прокси елементи, и тоа ќе мора да се следи – додаде Мисајловски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44788
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемениот ризик од пожари

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема најава за укинување на вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360 евра

31/07/2026

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со засилена активност. Во вториот квартал од 2026 година е забележан раст и на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy