Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Следејќи го Христовиот пример да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество, вели Пендаровски
Македонија

Следејќи го Христовиот пример да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество, вели Пендаровски

05/05/2024

AA

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и сите православни верници, и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско – методистичката црква во државата.

-Дозволете ми да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Велигден со пораката: Христос Воскресна! Христовото воскресение нѐ ослободува од стравот од смртта, но и нѐ обврзува, наместо пасивни набљудувачи, да бидеме активни учесници во обновата. А тоа ќе го правиме со секој чин на солидарност кон ранливите и грижа за природата, со заложбите за слобода, правда и мир, со борбата за социјална правда и за достоинствен живот на нашите сограѓани, се вели во честитката од претседателот Пендаровски.

Враќајќи ни ја надежта во општото добро, овој празник, се додава, нѐ потсетува дека сме си потребни едни на други и дека сме одговорни едни за други.

-Следејќи го Христовиот пример, да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество во кое ќе има место за секого бидејќи, секој човек, независно од етничката, верската, јазичната, социјалната, политичката или која било друга припадност – е наш ближен. Христос воскресна! Навистина воскресна!, стои во честитката од претседателот Стево Пендаровски по повод најголемиот христијански празник – Велигден.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
Македонија

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026
Македонија

Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“ во Маврово, граѓаните

16/08/2026
Македонија

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026
Македонија

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити

16/08/2026
Македонија

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45051
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку историскиот „Француски пат“

16/08/2026

Големо Езеро на Баба Планина ќе добие директна патна врска со преспанското село Брајчино преку реконструкција и ставање во функција

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура вода на секои четири минути

16/08/2026

Директорот на ДЗС, Стојанче Aнгелов истакна дека заради зголемување на ефикасноста на полицискиот хеликоптер, кој учествува во гаснењето на пожарот

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски парк во Скопје

16/08/2026

На 16.08.2026 во 02:25 часот во СВР Скопје М.С.(51) од Скопје пријави дека на 15.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy