Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СКОРО ШЕСТ ИЛЈАДИ НОВИ ПРЕТПРИЈАТИЈА СЕ ОТВОРИЛЕ ВО 2021 ГОДИНА: Повеќе од претходната, еве колку се затвориле
Економија

СКОРО ШЕСТ ИЛЈАДИ НОВИ ПРЕТПРИЈАТИЈА СЕ ОТВОРИЛЕ ВО 2021 ГОДИНА: Повеќе од претходната, еве колку се затвориле

26/06/2023

AA

Во 2021 година биле регистрирани 5.960 новосоздадени претпријатија, што претставува 9,1 отсто од вкупно активните пазарно ориентирани претпријатија. Во однос на 2020 година, забележано е зголемување на бројот на новосоздадените претпријатија за 15,9 проценти, и тоа најмногу во секторите Трговија, Градежништво, Транспорт и складирање, Информации и комуникации, Преработувачка индустрија, како и Објекти за сместување и исхрана.

Најголемиот дел од новосоздадените претпријатија, 76,4 отсто припаѓаат на услужните дејности, во чии рамки најмногу се од секторот Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (1.782), потоа Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (669) и Стручни, научни и технички дејности (623). 

Потоа 12,5 проценти од новосоздадените претпријатија припаѓаат на секторот Индустрија, а на секторот Градежништво 11,1 отсто.

Новосоздадените претпријатија вработиле 11.991 лице, што претставува зголемување за 21,5 проценти во однос на претходната година. Без вработени биле 16,8 отсто од новосоздадените претпријатија, 77,6 проценти вработиле 1-4 лица, додека 3,6 отсто вработиле од 5 до 9 лица.

– Податоците за структурата на новосоздадените претпријатија според правната форма покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата категоризирани во групата Друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва или 85,4 проценти – се наведува во соопштението на Државниот завод за статистика.

Згаснати претпријатија во 2020 година

Од вкупниот број активни претпријатија, во 2020 година згаснале 8,2 отсто, односно 5.382.

Гледано по сектори на дејност, најголемиот дел од згаснатите претпријатија (30,8 отсто) се во секторот Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, а според правната форма најголем дел од згаснатите претпријатијата (75,5 проценти) се категоризирани во групата Друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.

Згаснати претпријатија во 2019 година

Од вкупниот број активни претпријатија, во 2019 година згаснале 8,4 проценти, односно 5.544.

Гледано по сектори на дејност, најголемиот дел од згаснатите претпријатија (35,5 отсто) се во секторот Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, а според правната форма дури 76,6 проценти се категоризирани во групата Друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
Македонија

Страшна несреќа во скопско, се судрија две возила – едно

17/02/2026
Македонија

ГИ ПОЗНАВАМЕ СИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ И НЕМАШЕ ПОТРЕБА

17/02/2026
Македонија

Внимавајте: Врне снег на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино

17/02/2026
Македонија

НАСЕР СЕЛМАНИ ВИНОВЕН ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА НА КАНАЛ 5

17/02/2026
Македонија

Панчевски со документ ја демантира одлуката на Советот на обвинители:

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41586
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под наша надлежност“, велат од Ски

17/02/2026

На 16.02.2026 во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, екипа од

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО ИСПОЛНИЛ Оваа влада ги испочитува

17/02/2026

ССМ за една година од Владата бара исполнување на барањата кои во изминатите седум години, за време на владеењето на

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер во реформите и безбедноста

17/02/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД. Таа изрази подготвеност

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy