Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Али Ахмети не го цените доволно, бог да го благослови“, рече внукот кој ја купи „Соравија“
Македонија

„Али Ахмети не го цените доволно, бог да го благослови“, рече внукот кој ја купи „Соравија“

26/06/2023

AA

Внукот на Али Ахмети кој стана популарен во јавноста минатата недела со купувањето на трговскиот центар „Соравија“, денеска се појави пред медиумите. Не откри колку чини зделка, но откри дека ќе поседува 39% од сопственоста.

„Не вложив ниту денар во купувањето на Соравија. Долгот на компанијата е 20 милиони евра. Компанијата ПЕ-ВЛА-КУ со претставник Владимир Пјетерѓокај доби кредитна линија од 6 милиони евра во Албанија. Овој долг го презедовме затоа што имаме проект за развој“, рече Ахмети.

За Али Ахмети лидерот на ДУИ вели дека државата и граѓаните не го ценат многу,

„Ахмети и помогна на оваа држава. Немаше да ја имаме Македонија денес ако го следевме Љубчо Георгиевски да ја дели државата. Али Ахмети не го потпиша тоа и вие не го цените доволно. Не сум тука да коментирам политички изјави. Горд сум да го имам за вујко, но тој нема ништо со мојот бизнис. Нула. Ова што го прават медиумите сега, прави штета на мојата мрежа на соработници. Луѓе од Америка ме прашуваат што ти се случува со македонските медиуми, ти правиш се’ по прописи“, рече Дрин Ахмети, додавајќи дека да се случело тоа во САД, со медиумите би се објасниле на суд.

Али Ахмети ми е вујко и Бог да го благослови, тој ми е мотивација во мојот живот, рече неговиот внук Дрин Ахмети на прес-конференцијата за трговскиот центар „Соравија“, а прашан дали лидерот на ДУИ имал влијание.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од

09/08/2026
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44918
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од 1 септември

09/08/2026

Македонија се соочува со драматичен демографски пад, предизвикан од намалениот наталитет, брзото стареење на населението и масовното иселување на цели

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy