
СКОРО И ДА НЕМА НЕВРАБОТЕНИ: Koи се земјите кои можат да се пофалат со екстремно ниска невработеност?
Во пет држави од Европската Унија(ЕУ) скоро и да нема луѓе без работа. Таму стапките на невработеност се многу ниски, односно се под 1 отсто.
Станува збор за Холандија каде невработеноста е 0,5 отсто, Малта 0,7 отсто, како и Чешка, Данска и Полска (сите три земји 0,8 отсто).
Меѓу земјите-членки на ЕУ, Грција имаше највисока стапка на долгорочна невработеност – 5,4 отсто, а зад неа следуваат Шпанија со 3,8 отсто и Словачка со 3,5 отсто.
Лани стапката на невработеност во Европската Унија за возрасната група од 15 до 74 години се намали на 5,9 отсто.
foto freepik.com