Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Скопскиот аеродром ја доби наградата за квалитет на аеродромски услуги за 2022 година
Македонија

Скопскиот аеродром ја доби наградата за квалитет на аеродромски услуги за 2022 година

06/03/2023

AA

Меѓународниот Аеродром Скопје повторно ја доби Наградата за квалитет на аеродромски услуги (Airport Service Quality Award), овој пат за изминатата 2022 година, од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International World), известуваат од ТАВ Македонија.
Реномираната организација, со седиште во Монтреал, Канада, денеска, 6-ти март 2023 година, ги објави аеродромите добитници од сите континенти, региони и држави на светско ниво.

Според категоризацијата на ACI за 2022 година, Меѓународниот Аеродром Скопје е награден со ASQ-наградата за 2022 година во следниве категории:
•    Најдобар аеродром од 2 до 5 милиони патници во Европа
•    Аеродром со најпосветен персонал во Европа
•    Најлесно аеродромско патување во Европа
•    Најпријатен аеродром во Европа
•    Најчист аеродром во Европа

„Програмата за квалитет на аеродромските услуги ни донесе неколку клучни одредници за евалуација на услугите што им ги нудиме на нашите патници додека се на аеродромот. Од 2012 година, низ годините, ние постојано ги користиме тие одредници за да го подобриме квалитетот на нашите услуги. Врз основа на предлозите и коментарите на патниците дадени во анкетата за квалитет на аеродромските услуги, воведовме бесплатен безжичен интернет на аеродромот, поставивме станици за полнење мобилни уреди, отворивме просторија за пушење во воздухопловната, односно безбедносно ограничената зона.  Минатата година ги реновиравме тоалетите на аеродромот и отворивме нова, преуредена бесцаринска продавница, со проширен асортиман на производи и брендови. Пред неколку дена го отворивме и новиот, реновиран ресторан, Cakes & Bakes.  Внимателно ги следиме показателите за квалитет на аеродромските услуги и знаеме дека треба да се направат уште многу работи со цел да се подобри целокупното искуство на патниците. На патот кон оваа цел, секогаш сме во тесна соработка со нашите сестрински компании: BTA (храна и пијалаци); ATU (бесцарински продавници); TAV Technologies (ИТ услуги); TAV MOS (комерцијални услуги) и Euroclean (услуги за одржување хигиена). Ќе продолжиме да ги слушаме нашите патници и да креираме додадена вредност во нивните приказни за патувањата од Меѓународниот Аеродром Скопје“, изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Скопскиот аеродром спаѓа во панел за ASQ во кој минатата година беа опфатени 10 аеродроми, со големина од 2-5 милиони патници годишно, во Европа. Покрај главниот аеродром во Северна Македонија, другите аеродроми од кои се состои овој панел се следниве:  шпанските аеродроми Мадеира и Менорка; чилеанскиот аеродром Сантијаго; аеродромите Сола и Ваернес во Норвешка; аеродромот во Тбилиси, Грузија; естонскиот аеродром во Талин; италијанскиот аеродром Торино и аеродромот во Загреб, Хрватска.

„Програмата за Квалитет на аеродромските услуги не само што мери и креира одредници, туку исто така им овозможува на аеродромите од сите големини прилика за континуирано учење и подобрување за да достигнат нови височини во совршеното искуство на патниците. Новите категории не само што го рефлектираат растот на програмата, туку исто така ја отсликуваат и еволуцијата на потребите на патниците. За тоа не може да се преговара – аеродромите мора внимателно да го слушаат гласот на клиентите за да можеме да продолжиме да им служиме на луѓето и заедниците на одржлив и флексибилен начин. Ова е патот напред.“ изјави Луис Фелипе де Оливеира, Генерален директор на ACI World.

Од податоците собрани во 465.000 анкетни прашалници во 2022 година, 75 аеродроми ширум светот освоија 144 награди. Категориите за наградите ја вклучуваат долгогодишната категорија Најдобар аеродром според големина (број на патници на годишно ниво) и регион, како и новите категории што се воведени оваа година каде е одразена еволуцијата на потребите на патниците: Аеродром со најпосветен персонал во Европа, Најлесно аеродромско патување во Европа, Најпријатен аеродром во Европа, Најчист аеродром во Европа.

Програмата ASQ е светска водечка програма за мерење на искуството на патниците на аеродромите и за креирање одредници.  Споредено со други програми во воздухопловната индустрија, оваа програма се заснова врз истражување во живо преку анкети собрани на аеродромот – директно од патниците – кои го оценуваат нивното задоволство на денот на патувањето.

Прашалникот опфаќа над 30 индикатори за ефикасност низ клучните елементи од искуството на патниците на аеродромот, како што се леснотијата на снаоѓање низ аеродромот, ргистрацијата на патници, понудите за купување и јадење, итн. Ова ја дава најкомплетната слика за патничкото искуство на секој аеродром и обезбедува глобални одредници за индустријата.

Според квотата на ASQ-програмата, минатата година на Меѓународниот Аеродром Скопје вкупно 1403 патници беа анкетирани или теренските агенти кои го спроведуваат ASQ-истражувањето интервјуирале по 350 патници секој квартал.

Според податоците на ACI, на глобално ниво, во 2022 година, повеќе од половина од патниците во целиот свет кои патувале со авион, биле вклучени во ASQ програмата, односно полетале од аеродром којшто ја спроведува оваа анкета за задоволство на патниците.

ТАВ Македонија го заврши јануари годинава со 165.340 патници на двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што претставува пораст од 35 отсто споредено со јануари лани. Во исто време, бројот на летови на двата аеродрома во јануари пораснал за 30% на годишно ниво и изнесува 1.395 лета.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
Македонија

ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ НАПУШТИ ЗА 3

23/09/2026
Македонија

АКО КУПИТЕ НОВ СТАН ВО ГРАНД СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ И

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45755
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ ОДГЛЕДУВАЧИТЕ НА МАРИХУАНА Тошковски изнесе

23/09/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска им се заблагодари на полициските службеници од Струмица за успешната акција во која

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е обдукција

23/09/2026

Германска туристка на возраст од 70 години во вторникот вечерта е пронајдена почината во хотел на кејот во Охрид, соопшти

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА КОЛОНИЈА Пристапно предавање на новоизбраниот

23/09/2026

Македонија мора активно да работи на градење сопствени модели на вештачка интелигенција и дигитална инфраструктура со цел зачувување на националниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy