
Скопје диши почист воздух: Утрово сме на 57-то место по загаденост во светот
Главниот град на Македонија утрово се најде на 57-та позиција на глобалната листа на најзагадени градови во светот. Според најновите мерења, Скопје бележи индекс на квалитет на воздухот (AQI) од 61, што го сместува градот во т.н. „жолта“ или умерена зона.
Иако оваа вредност е значително пониска од критичните нивоа што често се бележат во текот на зимските месеци, Скопје и понатаму останува меѓу градовите со забележително присуство на ПМ честички.
Во моментов воздухот не се смета за опасен за општата популација, но еколошките здруженија предупредуваат дека со падот на температурите и почетокот на грејната сезона, овие бројки вообичаено рапидно растат.
Тие апелираат на превентивни мерки и поголема контрола на индустриските капацитети и сообраќајот за да се избегне влегување во „црвената зона“.

