
СКОПЈЕ: 20 годишник избоден со нож на новогодишната ноќ
Три физички напади имало синоќа во Скопје за време на ноговодишната ноќ. Едно лице е примено на Клиниката за торако-васкуларна хирургија, откако бил прободен со нож. Тој е во стабилна здравствена состојба.
Во Ургентниот центар во Скопје за новогодишната ноќ биле извршени 103 прегледи од кои три по сообраќајни незгоди. Еден пациент бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија и е во стабилна состојба.
