Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „СИТЕ СЕ МОЛЕВМЕ, А СЕГА НИ ТАА НЕ ДИШЕ“ Учениците од „Рибникар“ тажни поради смртта на Ангелина
Регион

„СИТЕ СЕ МОЛЕВМЕ, А СЕГА НИ ТАА НЕ ДИШЕ“ Учениците од „Рибникар“ тажни поради смртта на Ангелина

16/05/2023

AA

Застана и срцето на Ангелина. Цели 12 дена за живот се бореше ова мало девојче кое беше погодено со куршум од Коста К заедно со лекарите на Универзитетската детска клиника во „Тиршова“. Но, за жал, за неа немаше спас. Ангелина А. официјално е 10-та жртва на Коста.

Оваа вест уште повеќе ги потресе нејзините другарчиња, соученици, и исте кои го посетуваа или работеа училиштето и ги потсети на масакрот што го изврши тринаесетгодишниот Коста К.

– И таа веќе не дише, а сите се молевме на училиште таа и Владимир да останат живи. Дури на влезот во училиштето залепивме постер со порака за нивно брзо закрепнување. Верувавме во подобро, во лекарите, во нивната младост и издржливост, без разлика на повредите со кои се здобија. Но, ја изгубивме. Ни остана само Владимир и се надеваме дека барем ќе се врати кај нас, ќе влезе во училницата и ќе биде повторно со нас.

Вака изјавија двајца ученици од ОУ „Владислав Рибникар“ по веста дека на Детската клиника во „Тиршова“ починала Ангелина А. која беше примена по 3 мај кога тринаесетгодишниот Коста К. и уби осум ученици и чувар, рани тринаесет, пренесува „Новости.рс“.

Во престрелката со тешки телесни повреди се здобила Ангелина А. Таа се здобила со тешки повреди на главата. Веднаш по приемот во „Тиршов“ девојката била оперирана, но куршумот и останал во главата. Лекарите сите овие денови од минута во минута ја следеле нејзината здравствена состојба и покрај точните докази дека нема многу надеж за девојчето, се обиделе да ја спасат. Но, и покрај хируршката интервенција и натчовечките напори на лекарите да ја одржат во живот, несреќната девојка вчера им подлегна на повредите, по 12 дена борба за живот.

Пред училиштето „Владислав Рибника“ немаше гужва. Силни полициски сили го обезбедуваат училиштето и учениците кои во најголем број случаи ги носат родители, баби и дедовци, бебиситерки…

Еден од родителите, кого го најдовме пред влезот на училиштето, ни рече:

– Веста за смртта на девојчето повторно сите не потсети на страшниот масакр и брзо се прошири на социјалните мрежи. Ќерка ми, речиси две недели по хоророт што се случи, денес дојде на часови. И сега да го слушне ова… не знам како ќе ја смириме?!

Во текот на денот, како и секој ден досега, граѓаните кои минуваа покрај училиштето застанаа на едноминутно молчење, оддавајќи им почит на настраданите деца и на обезбедувачот.

Некои од нив, слушајќи за смртта на малата Ангелина, се приближиле до училишниот двор, запалиле свеќа и му положиле бел цвет на починатото девојче.

Веста за смртта на Ангелина А. соопшти Министерството за здравство. Министерката Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изрази искрено сочувство до семејството на повреденото девојче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
Македонија

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен

16/02/2026
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41543
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена вежба на македонската и на

17/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите ги оставија без покрив над

17/02/2026

Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во Кичево, откако вчерашното невреме предизвика излевање на

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен конкурс

16/02/2026

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy