Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Синот на Роџер Мур смета дека жена не треба да го глуми Џејмс Бонд: „Тоа нема да биде тоа“
Магазин

Синот на Роџер Мур смета дека жена не треба да го глуми Џејмс Бонд: „Тоа нема да биде тоа“

13/04/2023

AA

Синот на Роџер Мур верува дека само маж треба да го глуми Џејмс Бонд.

Кој ќе ја преземе улогата на легендарниот британски шпион е актуелна тема уште откако Даниел Крег најави дека се повлекува по „No Time To Die“, а сега за изборот на новиот Бонд се огласи и Џефри Мур.

Џефри, чиј татко го глумеше тајниот агент 007 во бројни филмови, вклучувајќи ги „A View To Kill“ и „Live And Let Die“ бил прашан дали улогата некогаш треба да ѝ се препушти на жена.

„Па, тоа тогаш повеќе не е Џејмс Бонд. Мислам, би можела да биде 006, 008 или 009…“, изјавил тој за „Express“.

И додека Лашана Линч веќе го доби славното кодно име во „No Time To Die“, Џефри и понатаму мисли дека тоа довело до забуни помеѓу публиката.

„Мислам дека ова беше забуна во минатиот Бонд. Дека таа беше 007 и потоа кажа: ‘Морам да му го вратам ова на Бонд, беше негов број’“, рекол тој. Меѓутоа, синот на Роџер Мур сугерирал дека сценаристите и студиото би можеле да создадат лик „Џејн или Џемајма Бонд“ за жени.

Кога го прашале за тоа дека се повеќе жени се појавуваат во акциски филмови, одговорил: „Ако ја погледнете Шарлиз Терон во ‘Atomic Blonde’… мислам, жените тоа сигурно можат да го изведат и да одглумат врвни сцени на борби“.

Даниел Крег смета дека се потребни подобри улоги за жени
Во 2021 година, Даниел Крег бил прашан што мисли за женски Бонд лик. Во разговор за „Radio Times“ рекол:

„Одговорот на тоа е многу едноставен. Едноставно би требало да постојат подобри улоги за жени и обоени актерки. Зошто жена би го играла Џејмс Бонд кога би требало да постои улога подеднакво добра како Џејмс Бонд, но за жена?“.

Кружат многу гласини за тоа кој ќе го наследи Крег, а имињата на Реге Жан-Пејџ, Хенри Кавил, Арон Тејлор-Џонсон и Идрис Елба се сметаат за фаворити. Но, само времето ќе покаже во која насока ќе оди франшизата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW, граѓаните ги добиваат првите е-услуги

07/08/2026

Идниот национален дата-центар нема да биде гигантски комерцијален објект, туку компактен и ефикасен систем со инсталирана моќност под еден мегават,

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy