Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Синот на пратеничката Коџаџику се вработи во М-НАВ
Македонија

Синот на пратеничката Коџаџику се вработи во М-НАВ

08/08/2025

AA

Премтим Коџаџику, синот на пратеничката од ВЛЕН и членка на Демократското движење, Мерита Коџаџику, е вработен како „независен советник во кабинетот на директорот за финансии, правни работи и развој“ во агенцијата за контрола на летање М-НАВ, јавува весникот Коха.

Извори од М-НАВ за весникот велат дека тој е еден од само двајцата Албанци вработени на последните два конкурса, на кои се примени вкупно 16 лица. Првиот конкурс (13 јуни) завршил без вработен ниту еден Албанец, додека на вториот (9 јули), освен Премтим Коџаџику, е ангажиран и Артан Шаќири на позицијата „осигурување на имот“.

Официјалните одлуки ќе се соопштат по завршување на изборите.

Во меѓувреме, Синдикатот на контролори на летање го обвини раководството на М-НАВ дека не дозволува нивен претставник да учествува на интервјуата со кандидатите за работни места со почетна плата над 1.000 евра, спротивно на Колективниот договор.

„Ние не сме шпиони за да гледаме низ клучалка, туку да потврдиме дека се избрани најдобрите кандидати“, изјави Александар Тасевски, претседател на синдикатот, додавајќи дека директорите си оставиле ексклузивно право за селекција, без реална контрола или транспарентност.

Синдикатот инсистира на повторување на постапките со вистинска вклученост на нивни претставници, а обвинувањата за политички вработувања продолжуваат да ја тресат агенцијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy