Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Синдикат на Филхармонија: Вработените постојано се изложени на закани и мобинг од директорот
Македонија

Синдикат на Филхармонија: Вработените постојано се изложени на закани и мобинг од директорот

03/02/2024

AA

Вработените во Македонска филхармонија во изминатиот период се соочуваат со низа проблеми во реализирање на своите работни обврски, поради проблематичното однесување и постапки на в.д. директорот Даниел Лазаровски.

Откако беше назначен на оваа позиција наместо да работи на креирање услови за работа, Лазаровски со своите постапки ги урива темелите на кои е изградена институцијата, наместо да ги мотивира, тој ги деградира вработените, наместо да ги зацврстува меѓучовечките односи во институцијата, тој работи на нивно растурање.

Вработените во оваа институција постојано се изложени на закани и мобинг од страна на в.д. директорот, а ситуацијата кулминираше минатата недела на состанокот на Синдикатот на Филхармонија. Директорот буквално упадна на состанокот и покрај укажувањата од страна на претседателот на синдикатот дека не смее да присуствува доколку не е поканет, тој одби да си замине.

Во член 16 од Статутот на СКРМ е предвидено дека „членството може да мирува ако членот се стекне со функциіа која може да биде во судир со интересите на СКРМ“.

Имајќи ја предвид оваа одредба од законот, како и фактот дека на 12 септември 2023 година Лазаровски беше назначен за в.д директор на Филармонија, неговото членство во синдикалната организација на Филхармонија беше ставено во мирување. Исто така врз основа на член 195 од Законот за работни односи, работодавачот не смее да има надзор врз основањето и дејствувањето на синдикатите,

Со своето присуство на состанокот, в.д. директорот на Филхармонија ги прекрши одредбите од законот, направи упад и повреда на правата на вработените за слободно и самостојно синдикално здружување и дејствување, како и обид за вршење притисок во слободното изразување на членовите на синдикатот, право кое им припаѓа на вработените врз основа на Устав, закон и колективниот договор.

За упадот на в.д. директорот Даниел Лазаровски на состанокот на синдикатот на Филхармонија и непочитувањето на правата на вработените, соодветно ќе бидат информирани сите надлежни институции, а исто така ќе бидат поднесени и соодветии пријави.

Вработените во Македонска филхармонија нема да дозволат да бидат изложени на закани и мобинг, ниту пак ќе го толерираат незаконското работење на в.д. директорот со кое се урива угледот и реномето на најстарата институција од културата во земјата.

Интегрално соопштение од СО Македонска филхармонија при СКРМ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во

13/10/2026

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy