Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СИНДИКАЛЦИТЕ ДОАЃААТ НА ПРОТЕСТ, ШТО ЧЕКАШ ТИ – нашиот работник уште се бори за осумчасовен работен ден
Економија

СИНДИКАЛЦИТЕ ДОАЃААТ НА ПРОТЕСТ, ШТО ЧЕКАШ ТИ – нашиот работник уште се бори за осумчасовен работен ден

01/05/2023

AA

Организирани од повеќе градови,. македонските синдикалци дојдоа на големиот првомајски протест. 
„СИНДИКАЛЦИТЕ ДОАЃААТ НА ПРОТЕСТ, ШТО ЧЕКАШ ТИ“, беше мотото со кое Сојузот на синдикати на Македонија повика што поголем број работници да дојдат на протетст за поголеми работнички права.
Претходно првиот човек на ССМ Дарко Димовски се обрати до работниците, со желба за нивно обединување на Денот н трудот. 
„ССМ изминатите 5 години ја води борбата за работнички права, а секоја година на 1 Мај, се поголем број на работниците, синдикалци, пензионери и граѓани излегуваат на улица на протест да го изразат своето незадоволство.

Оваа година на 1 мај, работниците и синдикатите во Македонија, за жал се борат за зачувувањето на цивилизациската придобивка на 8 часовен работен ден, кое Владата сака да го укине и да воведе 12 часовен работен ден или 60 часовна работна недела што треба да ги обедини работниците на протест, поради тоа што ваквата намера на Владата ја враќа Македонија 137 години во минатото.

Покачувањето на функционерските плати за 78 отсто или по 2.000 денари дневно, воведувањето на 12 часовен работен ден за голем број работници, тоа што ги излажаа вработените во здравството и што не им ги зголемија платите, тоа што не го склучија Општиот колективен договор за јавен сектор со кој секој вработен ќе има право на К-15, се доволен мотив и повеќе од причина да се излезе на протест на улица и да се изрази незадоволството!

Ние синдикалците од ССМ, во 12 часот на 1 мај го започнуваме работничкиот протест, а се обраќам до нашите братски синдикати, до сите работници и граѓани,( пензионери, стечајни работници, невработени, студенти) на оваа Држава, крајно време е да ни се придружат за заедно да го изразиме незадоволството“, напиша Димовски.

Меѓународен ден на трудот — меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците и се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго, овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, а македонскиот работник денеска е соочен со истата борба!, пишува Димовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy