Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За Полска, проширувањето кон Западен Балкан е еден од приоритетите во ЕУ
Македонија

За Полска, проширувањето кон Западен Балкан е еден од приоритетите во ЕУ

01/05/2023

AA

Претседателот на Полска Анджеј Дуда денеска по повод 19-годишнината од влезот на Полска во Европската унија изјави дека еден од четирите приоритети за Полска е проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и Украина.

„Ние сме поборници за политика на отворени врати. Затоа ги гледам земјите од Западен Балкан. Сакам да истакнам дека тоа се земји, тоа се народи, тоа се општества кои со години чекаат да станат дел од Европската заедница.Тоа конечно треба да се постигне“, рече полскиот претседател во Варшава во специјалното обраќање до медиумите по повод годишнината.

Во заедничкото обраќање со полскиот премиер Матеуш Моравјецки, Дуда рече дека Полска многу добро знае како е да чекаш години за да влезеш во слободниот западен свет.

„Затоа верувам дека не другите, туку ние, Полска, мора да зборуваме силно и гласно: тие треба да бидат примени во Европската унија, земјите од Западен Балкан да бидат примени. И денес, историското барање, апсолутното барање на моментот е прием на Украина во ЕУ и Молдавија“, рече Дуда.

Полскиот претседател изјави дека земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија ќе добијат полноправно членство, како второ од четирите главни приоритети на шестмесечното полско претседавање со ЕУ од почетокот на 2025 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45039
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy