Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СИН НА ЗАГИНАТ ВО НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД:  Го препознав татко ми по часовникот
Регион

СИН НА ЗАГИНАТ ВО НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД: Го препознав татко ми по часовникот

04/11/2024

AA

Србин објасни дека татко му го препознал по часовникот и така го идентификувал откако загинал во несреќата во Нови Сад минатата недела. 

„Го препознав татко ми по часовникот! Никогаш не го вадеше од себе, само така можев да го идентификувам на Патологија“, вели  Бојан Раковиќ, синот на Вукашин Раковиќ (69) од Буковац, кој загина во петокот кога се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад. 

На тој ден пензионерот Вукашин отишол да ја посети својата ќерка која живее во Каќ, пишува српски „Курир“.

„Седеше на клупата, читаше весник и чекаше автобус. Тато седеше под настрешницата и наеднаш сè падна. На него паднаа тони бетон“, раскажува Бојан со солзи во очите.

Тој додава дека не спиел од петокот, но дека мора да издржи.

„Она што го чувствуваме во моментов не може да се опише со зборови. Вукашин имаше три ќерки и јас, тој имаше седум внуци, јас добив ќерка пред само два месеци. Го чекаше и осмото внуче“, рече тој.

Човекот бил во автобус кога му се јавила полиција. 

„Излегов, ме чекаше патролата. Тројца полицајци, беа љубезни и ми изразија сочувство“, рече Бојан. 

Потоа, додаде дека ја видел целата снимка од паѓањето на настрешницата и дека не можел да поверува како сè паднало во секунда.

Тој потоа го објаснил хорор филмот во кој се нашол, кога отишол во Институтот за судска медицина во Нови Сад за да го идентификува својот татко.

„Верувајте ми, тоа што го видов таму не може да се опише, објасни… Сите семејства на жртвите дојдоа во исто време во саботата да ги препознаат своите најблиски. Одам низ ходникот. Тоа е еден вид студ, не знам, такво чувство. Никогаш не знаеш што ќе најдеш. Татко ми беше во собата број пет, и додека одев низ ходникот кон таа соба, со аголот на моето око видов во собата број три – тело на дете. Боже, каква тага. Она што го видов е… Ништо не остана од нив, ништо! Го препознав татко ми по часовникот, тоа е единственото нешто што можев да го препознаам. Ја видов главата, тоа е тој, го видов како лежи покриен“, додаде Бојан. 

Вели дека татко му бил болен и одел на хемотерапија. 

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во Србија, Горан Весиќ одржа вонредна прес-конференција на која изјави дека утре претпладне и официјално ќе поднесе оставка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy