Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЕМОВ: Во филијалите во Битола, Прилеп, Струмица, Велес, нема ни основен минимум на вработени за да тече процесот на работа
Економија

МЕМОВ: Во филијалите во Битола, Прилеп, Струмица, Велес, нема ни основен минимум на вработени за да тече процесот на работа

04/11/2024

AA

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов, ветува дека институцијата ќе се трансформира и ќе биде респектабилна. 

Рече дека ПИОМ има две основни функции, редовна и навремена исплата на пензиите и обезбедување на правата од пензиското осигурување на сите корисници. Во однос на првата функција Владата ја гарантира исплатата на пензиите, ги надополнува потребните средства од буџетот преку трансфери и тука како што вели не треба да има никаква загриженост кај пензионерите.

„Во однос на втората функција, морам да констатирам дека ако имаме беспрекорно функционирање во однос на исплатата на пензиите, кај обезбедувањето на правата имаме целосно друга слика. Имено во изминатите години е направен целосен дисбаланс во кадровската екипираност на филијалите во Фондот. Тој во моментов работи со пополнетост од 50 проценти на ниво на државата, во однос на предвидените работни места согласно систематизацијата.  Во некои филијали, како што се Тетово, Гостивар, Куманово имаме екипираност од 90 проценти, додека во Битола, Прилеп, Струмица, Велес, нема ни основен минимум на вработени за да тече процесот на работа непречено. Исто така имаше голем број на овластувања за прераспоредувања на вработените на несоодветни работни места. Во однос на потребните кадри презедовме чекори и побаравме согласност од Министерството за финансии за вработување на лица по договор за да обезбедиме минимум услови за функционирање на филијалите. Засега работиме со постојните ресурси, направивме прераспоредување на кадрите и веќе имаме видливи резултати. Во овој кус рок од еден месец откако сум на функцијата, успеавме да го намалиме бројот на нерешени предмети“, изјави Мемов. 

Мемов потенцира дека финансиски ситуацијата е иста како во другите институции, договорите во целост се реализирани до јуни месец и средствата се потрошени, така што остануваат без средства до крајот на годината. 

„Фондот ќе биде трансформиран во модерна и респектабилна институција, која ќе ја гарантира исплатата на пензиите и остварувањето на правата од осигурувањето во законските рокови од 30 и 60 денови. Клучната цел на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е зголемување на транспарентноста кон осигурениците и корисниците на пензии. Во план е да се направи нов Ај Си Ти систем кој што ќе ја обезбеди оваа транспарентност, ќе ја обезбеди сигурноста на информатичкиот систем, сигурноста на базите на податоците и ќе обезбеди достапност на сите услуги преку веб сервиси“, рече Мемов.

Тој рече дека претходно бил реализиран проект за фотонапонска централа во износ од 200 илјади евра, но без обезбедена лиценца за продажба на струјата и тој проект е стопиран по негова наредба.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ

15/11/2026
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46780
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ Полицијата го уапси нејзиното момче

15/11/2026

Тешко повредена девојка била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат над просекот за овој период

15/11/2026

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy