Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Симион побара изборите во Романија да бидат поништени
Македонија

Симион побара изборите во Романија да бидат поништени

21/05/2025

AA

Националистичкиот претседателски кандидат Георге Симион, кој го загуби вториот круг од гласањето во неделата, поднесува барање до Уставниот суд за поништување на изборите поради „надворешно мешање“.

„Официјално барам од Уставниот суд да ги поништи изборите“, напиша на својот профил на социјалните мрежи Х Симион, лидер на националистичката партија Алијанса за обединување на Романците.

„Од истите причини“ што предизвикаа поништување на изборите минатата година – „надворешно мешање“, додаде тој, истакнувајќи дека ниту Франција, ниту Молдавија, ниту кој било друг нема право да се меша во изборите на друга земја.

Претседателските избори во Романија беа повторени овој месец откако Уставниот суд го поништи минатогодишното гласање поради сомневања за руско вмешување во корист на победникот од првиот круг во ноември, крајно десничарскиот независен кандидат Калин Георгеску, и нареди целиот изборен процес да започне одново.

Вчера, француската служба за надворешно разузнавање категорично ги отфрли обвинувањата од основачот на апликацијата за пораки Телеграм, Павел Дуров, дека Париз се обидел да влијае на претседателските избори во Романија.

Дуров рече дека го одбил барањето на шефот на француската разузнавачка служба, Николас Лернер, да се забранат романските конзервативни гласови од неговата платформа пред романските избори.

Во неделата, независниот кандидат за претседател на Романија, Никусор Дан, победи на претседателските избори со 53,60% од гласовите. Неговиот противник, Георге Симион, доби поддршка од 46,40 проценти од гласачите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Нема причинa да ги критикуваме Израел и САД за нападот врз Иран

23/06/2025

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема причина да ги критикува нападите на Израел и САД врз Иран. „Нема причина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy