
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди индонезиската провинција Папуа
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди индонезиската провинција Папуа, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 46 километри, а епицентарот бил на 179 километри западно-југозападно од градот Џајапур на островот Нова Гвинеја, објави EMSC.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.
