
Силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан
Силен земјотрес го потресе Западен Авганистан, пренесоа светските агенции.
Според Американскиот геолошки институт, земјотресот бил со јачина од 6,2 степени, а епицентарот бил на 40 километри северозападно од градот Херат, во областа Зинда Јан во провинцијата Херат, соопштија АФП и ДПА. Имаше секундарен земјотрес со јачина од 5,5 степени
Првиот земјотрес беше на длабочина од 29 километри, забележува Американскиот геолошки институт, цитиран од ДПА.
Засега нема информации за жртви или материјална штета.
Во 2022 година, во разорен земјотрес во Авганистан загинаа најмалку 1.000 луѓе.

