
Силен земјотрес ја погоди Турција, регистриран недалеку од Анкара
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во централна Турција, на 200 километри од Анкара. Земјотресот бил на длабочина од 9 километри, засега нема информации за материјална штета. Граѓаните велат дека земјотресот бил почувствуван доста силно. „Траеше околу пет секунди“, пренесе EMSC.
