
Силен земјотрес ја погоди Турција
Силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Турција, јавува „EMSC“, портал кој го регистрира секој земјотрес во светот. Земјотресот е регистриран на 29 километри североисточно од Синџик во провинцијата Адијаман.
Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.
