
Силен земјотрес ја погоди областа јужно од Тонга
Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа јужно од островската држава Тонга, во западниот дел на Полинезија.
Ова денеска го соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 40 километри, соопшти EMSC, пренесе Ројтерс.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.