
Силјановска Давкова: Благодарам за поддршката, ова покажа дека народот сака промени и длабоки реформи
Кандидатката за претседателка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ преку видео порака се заблагодари за поддршката:
„Голема благодарност за поддршката! Мислам дека е во прашање човечки и граѓански пркос, меѓутоа уште повеќе надеж дека пред нас се големи промени. Мислам дека е тоа знак за длабоки реформи. Уште еднаш се докажа дека овој народ не заслужува ваква власт. Народот легитимира, народот делегитимира. Јас сум му бескрајно благодарна за легитимацијата. Верувам дека речта е прва и дека веројатно и тие веруваат дека она што го зборувам ќе го направам!“, напиша Дафкова на Фејсбук.

